|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
ЧЕШКА
Партнери за проект за дрогата и младите луѓе
„Alienteam.cz“ - младински клуб, Република Чешка, бара партнери за заедничко спроведување мултимладински проект во рамките на програмата „Action 1/Youth“. Тема на проектот е „Дрогата и младите луѓе“. Програмските активности опфаќаат работилници и слободни активности.
Период на спроведувањето на проектот е 28 февруари - 7 март, 2004 (9 дена, вклучително и патувањето), а рок за пријавување партнерство е 1 ноември 2003 година.
Место на одржување на настанот е локацијата „Mountain cottage“ (Планинска колиба), Република Чешка (зимска сесија). Учесници треба да бидат седуммина млади луѓе на возраст од 16 до 18 години, плус еден лидер, т.е. вкупно 8 луѓе по земја, а бројот на земји-учеснички е најмалку пет. Што се однесува до трошоците, 70% надомест за патни трошоци, сместување, храна и програмски активности се покриваат преку грантот, а остатокот учесниците.
Сите заинтересирани младински групи можат да контактираат по електронски пат за повеќе информации на klub@alienteam.cz (лице за контакт: Радован Сикула, телефон/факс: +420581761424).
|
|
|
|
ЕРМЕНИЈА
„Смрт“ за смртната казнаСоветот на Европа ја поздрави одлуката на Народното собрание на Ерменија, со која, на 9 септември, со 91 глас за и 1 против, ја укина смртната казна и ја авторизира ратификацијата на Шестиот протокол на Европската конвенција за човекови права. |  |
| „ДЦАФ“ и „ИИСС“
Конференција на младите лицаВтората Конференција на младите лица (Young Faces Conference) што ја организираат Центарот за демократска контрола на вооружените сили - “DCAF” од Женева и Меѓународниот институт за стратешки студии - “IISS”, ќе се одржи од 2 до 4 октомври 2003 година, во Женева. |  |
|
ВО ЖЕНЕВА
Одржливиот менаџмент во акцијаОд 4 до 6 септември 2003 година, во Женева, Швајцарија, се одржа првиот меѓународен конгрес насловен како „Одржливиот менаџмент во акција“. Конгресот го организира Универзитетскиот центар за хумана екологија и науки за животната средина при Универзитетот во Женева. |  |
| ЧЕШКА
Партнери за проект за дрогата и младите луѓе„Alienteam.cz“ - младински клуб, Република Чешка, бара партнери за заедничко спроведување мултимладински проект во рамките на програмата „Action 1/Youth“. Тема на проектот е „Дрогата и младите луѓе“. Програмските активности опфаќаат работилници и слободни активности. |  |
|
РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА
Обука за млади еколошки лидериРегионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ), со седиште во Унгарија, во соработка со италијанската невладина организација Л’умана ди мора, организира серија обуки за млади еколошки лидери, кои ќе се одржат во Унгарија и Италија во 2004 година. |  |
РОМАНИЈА
Женски визии за ненасилство и мирРоманската женска асоцијација и холандскиот ИФОР (International Fellowship of Reconciliation) организираат курсеви на тема „Женски визии за ненасилство и мир“. |  |
|
|