МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА И ФИООМ
Поддршка на домовите на културата
Министерот за култура на Репуб­лика Маке­донија, г. Благоја Сте­фа­новски и извршниот директор на Фон­да­цијата Институт Отворено општество - Македонија, г. Вла­димир Милчин, на 15 април го­динава потпишаа Протокол за сора­ботка во рамките на Програмата на ФИООМ за поддршка на домовите на културата.
ПРОГРАМА ЖИВО НАСЛЕДСТВО
Работилница за старата чаршија...
Работилницата за старата чаршија во Скопје, што се одржа на 18 април годинава, во просториите на Чифте амамот и Домот на занаетчиите, имаше за цел да ги собере сите заинтересирани страни и да поттикне за­едничка акција и стратегија за ревитализација на овој простор. Работилницата е дел од проектот на НИК „Лист“, во рамките на програмата Живо наследство, која во Македонија ја спроведуваат фондациите Крал Бодуен од Белгија и Институт Отворено општество - Маке­донија. Во реализацијата на оваа рабо­тилница, покрај овие две фондации, свој придонес даде и германската фондација Конрад Аденауер.