ВО ПРАГА
Втор светски конгрес за семејното насилство
Вториот светски конгрес за семејното на­силство обезбедува можност за интер­дисциплинарно и мултикултурно учење за експертите од здравствена грижа, обра­зование, право, заштита на децата и воз­расните, јавна политика, заштита на чове­ковите права, јавно здравство, владини и меѓувладини агенции и невладини орга­низации. Вториот светски конгрес ќе се одржи во Прага од 21 до 26 јуни оваа година. Краен рок за пријавување 31 мај. Повеќе инфор­мации на www.wcfv.org.
ВО КИЕВ
Работилница за прибирање средства
Во Киев, од 25 до 29 мај оваа година, ќе се одржи трета меѓународна работилница за прибирање средства. Целта на оваа серија работилници е да се истакнат основните проблеми со кои се соочуваат НВО во Источна Европа. Работилницата ќе лоцира извори на средства во областа на градење општество и ќе биде развоен инструмент за НВО. Мотото на Третата меѓународна ра­ботилница за прибирање средства е „Обез­бедување средства – развивање општество“.
ВО ЛОНДОН
Отворена канцеларија на Отворено општество
Во Лондон е отворена нова канцеларија од мрежата Отворено општество, финан­сирана од Џорџ Сорос. Оваа кан­целарија ќе и’ помага на мрежата во градење парт­нер­ства со донаторите, ќе служи како канал за проток на информации, воспоставување контакти, ќе помага во развивање коали­ции, а истовремено ќе дава логистичка поддршка на меѓународниот советодавен борд на Институтот отворено општество.
СЕМИНАР ВО СТРАЗБУР
Учеството на младите жени во политичкиот живот
Од 16 до 17 септември 2003 г., во Стразбур, Франција, се одржува семинар за учеството на младите жени во политичкиот живот. Последен рок за пријавување е 15 мај 2003 г.