ВО КИЕВ

Работилница за прибирање средства

Во Киев, од 25 до 29 мај оваа година, ќе се одржи трета меѓународна работилница за прибирање средства. Целта на оваа серија работилници е да се истакнат основните проблеми со кои се соочуваат НВО во Источна Европа. Работилницата ќе лоцира извори на средства во областа на градење општество и ќе биде развоен инструмент за НВО. Мотото на Третата меѓународна ра­ботилница за прибирање средства е „Обез­бедување средства – развивање општество“. Учесниците од НВО, социјалните проекти и локалната самоуправа од поранешните советски републики и од Југоисточна Европа се поканети да аплицираат за работилницата. Организатор на работилницата е Центарот за филантропија од Киев. За повеќе инфор­ма­ции обратете се на  office@philanthropy.org.ua.

Г.Ш.