Еколошка негрижа
Еколошка негрижа
Прекршочните или кривичните пријави на еколошките инспектори упатени до зага­дувачите на човековата околина не прет­ставуваат никаква закана. Минатата година, од страна на Државниот инспекторат за животна средина, заради зголемен степен на еколошка деградација на земјиштето, зага­дување на воздухот, на површинските и подземните води, фрлање смет на несо­одветни места и зголемена бучавост, биле поднесени 179 решенија за отстранување на недостатоци, 65 прекршочни пријави. Десет индустриски и угостителски објекти времено биле затворени, а за непочитување на решение на овластен орган била поднесена и кривична пријава. Инспекторатот извршил вкупно 990 контроли на теренот.