Европска агенција за реконструкција и развој
Донатор во сите сфери
Еден од најголемите донатори во Република Македонија сигурно е Европската агенција за реконструкција и развој. Оваа агенција на Европската Унија речиси да нема сфера во којашто не донирала. Од милион евра помош за ветеринарните служби, преку финансирање проекти за меѓуетничко помирување во земјава, како и повеќе стотици милиони евра за обнова на разорените куќи при воениот конфликт во Македонија во 2001 година.