Европска агенција за реконструкција и развој

Донатор во сите сфери

Еден од најголемите донатори во Република Македонија сигурно е Европската агенција за реконструкција и развој. Оваа агенција на Европската Унија речиси да нема сфера во којашто не донирала. Од милион евра помош за ветеринарните служби, преку финансирање проекти за меѓуетничко помирување во земјава, како и повеќе стотици милиони евра за обнова на разорените куќи при воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Еден од најважните проекти на оваа агенција сигурно е и донацијата со којашто беа опремени повеќе специјализирани средни училишта во цела Македонија. 

Неколку илјади ученици, студенти и читатели на дневни весници беа во фокусот на пет проекти, финансирани од Европската Унија преку Европската агенција за реконструкција и развој, со цел промовирање на меѓуетничкото помирување во земјава. Проектите за коишто беа издвоени три милиони евра многу придонесоа за зајакнување на граѓанското општество во Македонија.

Со помош на Европската агенци­ја беа поправени 800 куќи во Ара­чиново, во Тетово и во Куманово, а за обнова на овие региони коишто беа зафатени од конфликтот во 2001 година Европската агенција издвои 25 милиони евра.

Во сферата на образованието Европската агенција за реконструкција исто така даде свој огромен придонес за унапредување на ма­ке­донското образование. Така, во соработка со Министерството за образование, оваа агенција ги опреми специјализираните училишта на коишто им недостасуваше соодветна опрема. Во Свети Николе беше донирана земјоделска механизација за Средното земјоделско училиште, во Скопје поголем број училишта добија големи донации,  беа опремени училиштата и во Кочани, во Кумановско и во многу други региони.   

Европската агенција за реконструкција & даде неповратни 1,4 милиони евра на Управата за ветеринарство за да се зајакнат ветеринарните служби во земјава. Со парите добиени од Европската Унија, Управата купила 20 возила за ветеринарни инспекциски служби на терен и компјутери на речиси сите гранични премини.