НАСТАНИ ХЕНДИКЕПИРАНИ УСПЕШНА АКЦИЈА И ДОБРА РЕАКЦИЈА
Платформи и коси рампи за луѓето во колички
Здружението "Полио плус" постави неколку инвалидски колички пред скалилата кои се пречка за движење на хендикепираните лица, по што веднаш следуваше позитивна реакција - поставување коси рампи и изработка на платформи. - Нивната акција ме поттикна да се зачленам во здружението и тоа е засега единственото здружение во кое членувам, вели г-ѓа Кристина Дикинсон, сопруга на амбасадорот на Велика Британија во нашата држава.
ОТВОРЕН КЛУБ ЗА ХЕНДИКЕПИРАНИ И ИНВАЛИДИЗИРАНИ ЛИЦА ВО ДЕБАР
Место за 300 хендикепирани лица
Околу 300 хендикепирани и инвалидизирани лица од Дебар и околината ќе можат да го посетуваат Клубот за хендикепирани и да се дружат меѓу себе На 31 јануари 2001 година во Дебар, на свечен начин, беше отворен Клубот за хендикепирани и инвалидизирани лица. Поддршка за спроведување на проектот, освен МЦМС, дадоа и "Хендикеп интернационал", "Оксфам" и УНХЦР. Најголемиот товар во спроведувањето на овој проект го сносија активистите на Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите "Месечина", огранок во Дебар.