Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Едукација

   

Настани

“БИОСФЕРА” – БИТОЛА

Еколошко образование

Образованието во областа на животната средина е тема на регионалниот проект што го спроведува битолското здружение “Биосфера” - Центар за едукација, заштита на животната средина и природата.

Целта на овој проект е анализа на состојбата и на напредокот на еколошката едукација во земјите на Југоисточна Европа во контекст на подготовките за петтата Министерска конференција за животна средина што ќе се одржи во Киев, Украина, во мај идната година, како и за Стратегија за развој на еколошката едукација во земјите на Југоисточна Европа.
“Биосфера” проектот го изведува во соработка со здруженијата “Позајмена природа”, Бугарија, “Еколибри бионет”, Југославија, “Пријатели на земјата”, Романија и “Асоцијација за европска димензија”, Албанија.
Проектот, под целосен назив “Еколошката едукација во формалното образование во земјите на Југоисточна Европа - потреби, достигнувања, партнерства, перспективи”, е финансиски поддржан од норвешкото Министерство за надворешни работи преку Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа со седиште во Сент Ендре, Унгарија.
Секоја од партнерските организациите ќе изработи национален извештај за состојбата и застапеноста на еколошката едукација во формалното образование. Се подготвуваат веб-страница и печатена брошура, како и јавни расправи во пет градови во  Македонија и средба на национално ниво.

М.И.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 21 Ноември 2002
Вовед
Тема
Настани
Календар
Публикации
Интервју
Погледи
Кноцепти
Q&A
Појмовник
Форум
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA