Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Погледи

   

ПОГЛЕДИ
    
 

Наташа Габер - Дамјановска

Компакт – што е тоа?

Прашањето на појавата на "компактот" е директно поврзано со развивањето на нови перспективи за непрофитниот сектор наспрема општеството и граѓаните. Со цел посоодветно да се операционализира и институционализира работењето на овие организации, иницирано е потпишувањето генерални договори за соработка меѓу непрофитниот сектор и владата кои ја имаат формата на општи документи. Исто така, растечката потреба за покривање на потребите и давање на услуги на граѓаните од организации кои се надвор од државната власт, се јавува од причина што државниот апарат не е во состојба самиот да одговори на сите потреби.

Идејата за "компакт" е родена во Велика Британија и таа датира од пред неколку години. Во британскиот случај постојат два докуманта кои можат да се класифицираат во овој ранг на договори, како: The Deakin Commission Report "The Future of the Voluntary Sector" (1996) i Labor Party document "Building the Future Together – Labor's Policies for Partnership Between the Government and the Voluntary Sector" (1997). Овие принципи востановени во овие документи официјално беа потпишани во 1998 година, кога лабуристите дојдоа на власт. Резултат на тоа беа четири компакта потпишани за Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска. Сличен процес моментално се одигрува и во Канада, Естонија и Гана, каде припремените документи се движат во границите на искажана политичка волја за соработка и детерминирање на основни принципи врз кои таа соработка ќе се одигрува.
Формата на тие документи може да биде различна. Тие може да имаат облик на меморандум или на договор меѓу владата непрофитниот сектор каде државата превзема некои обврски; може да е договор меѓу владата и секторот за принципите на соработка и партнерски односи со цел да се остварува јавно добро; или взаемно припремена и прифатена изјава во која се наведени основните принципи и прифатените вредности кои ќе се почитуваат при идната соработка; добива и форма на концепт кој ги изразува целите, принципите и начините да се зголеми учеството на граѓаните во организацијата на државата и општествениот живот. Во овој случај се прави напор да се влијае врз националната политика на поодговорно исполнување на постојната легална рамка од страна на државните органи и поснажно поттикнување на владеењето на правото. Што се однесува до Гана, сеуште се дискутира како оваа глобална рамка конечно да биде обликувана. Во случајот на Канада, формирано е едно заедничко тело составено од претставници на државната власт и на непрофитниот сектор, кое припреми извештај во кој јавноста била информирана за идеите кои ова тело ги припремило како предлози. Овој извештај бил проследен и со план за имплементација на договорените нешта. Интересно е да се напомене дека во случајот на Естонија се очекува "концептот" за развиток на граѓанскиот сектор да биде усвоен од парламентот. На оваа иницијатива всушност претходеше потпишаниот меморандум за соработка на "третиот сектор" и политичките партии претставени во парламентот. Одредено искуство веќе постои и во Хрватска, кај која компактот ја има добиено формата на "Програм за соработка меѓу владата на Република Хрватска и невладиниот и непрофитен сектор во Република Хрватска".
Според формата, "компакт" би можел да биде договор или документ за креирање на определена политика. Што се однесува до темите кои вообичаено се опфатени, тоа се: взаемно признавање; соодветна претставеност; партнерство; ресурси (средства) и имплементација и развиток. Искуството на Британија вели дека паралелно со овој документ се потпишани кодови на добра пракса и посебни компакти се потоа потпишани на локално ниво.
Но која е причината заради која се појавила потреба од востановување на "компакт"? Пред се, тоа е официјализирањето на непрофитниот сектор како сериозен партнер на државата, но исто така тоа означува и институционализиран пат за соработка со државната власт. Користа е несомнено ваземна: невладините организации имаат поизразено чувство дека можат да се инволвираат и придонесат во државните процеси, додека од друга страна државната власт ја користи нивната експертиза, знаење и спремност на акција.
Кои се елементите кои еден компакт би требало да ги содржи?

ИНИЦИРАЊЕ И ПРИПРЕМА: Пред си, потребен е извесен временски период во кој ќе се иницира, созрее и сублимира процесот на дефинирањето на потребата од договор и неговата адекватна припрема и обликување. Поради разликите во општественото милје, принципите врз кои би се базирал еден договор од ваков тип носи во себе длабоко национално обележје, на кое се надоврзуваат посакуваните насоки на развиток на односите меѓу обете страни.
Најсоодветен иницијатор е невладиниот сектор, од кого се очекува да ги даде иницијалните идеи. Носителите на идеите би требале пред се заеднички оперативно да обмислат на кој начин го замислуваат остварувањето на овој процес: дали договорот ќе се обликува заеднички со претставници на државната власт или претставници на НВО ќе го припремат иницијалниот текст пред тој да биде предложен на државата. Исто така би можеле да се склучат вакви договори со поодделни министерства или со локалната самоуправа, а потоа да следи глобален сенационален договор. Во процесот е пожелно да бидат вклучени што е можно повеќе партнери и тој да биде широко популаризиран.

СОДРЖИНА НА КОМПАКТОТ: Разбирливо, содржината на компактот би можела да се разликува од случај до случај. Некогаш е во форма на договор, а друг пат во форма на национална стратегија (програм). Но пред се би морала да се промовира основната идеја - определување на генералната рамка за соработка меѓу непрофитниот (невладин) сектор и државата.
Следните елементи кои би требале да имаат своја разработка се:
признавање и идентификување на специфичните интереси и улоги на определени делови од општеството определување на претставници од обете страни (нивно номинирање, мандат и должности) наведување на формите на остварување на партнерството, поШирока примена на добри искуства и заедничко донесување на одлуки детерминирање на прифатливите методи на споделување на ресурсите, финансирање и транспарентност во користењето на средствата (обврзување на валадата за определување на јасни правила и критериуми за распредлување на буџетските средства) определување на систем на имплементација на договорените принципи во компактот. 


 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 06 Јули 2001
Број 06 Јули 2001
Вовед
Настани
Публикации
Календар
Форум
Погледи
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA