Порака
„Поедностевете“ ...
Републичкиот центар за помош на лицата со ментален хендикеп “Порака”, заедно со “Европска инклузија” - европската асоцијација на организации на лица со интелектуална попреченост и нивните семејства, ја издаде брошурата “Поедноставете - европски насоки за издавање лесно читливи информации”. Оваа брошура е наменета на автори, уредници, обезбедувачи на информации, преведувачи и други заинтересирани лица, а во неа се пренесени практични упатства како информациите да ги направат лесно читливи и подостапни за лицата со интелектуална попреченост. Брошурата е поддржана од Европската заедница, а нејзини автори се неколку странски експерти.
… И „искуства од шведска“
Искуства од Шведска”, со поднаслов “Национален план за политика за попреченост - политика на попреченост на локално ниво” е брошура издадена од Републичкиот центар за помош на лицата со ментален хендикеп “Порака”, како дел од проектот “Унапредување на човековите права на лицата со интелектуална попреченост во граѓанското општество”. Оваа брошура содржи два документи - споменатиот Национален план на Шведска, како и искуствата со локалниот план спроведен во шведскиот град Линкопинг.
|