Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 30 Септември 2003  Погледи

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News

Погледи

Нови соодноси помеѓу професионалните здруженија на граѓани

Професионалните здруженија на граѓани се формираат врз основа на Законот за здруженија на граѓани и фондации (ЗЗГФ) на Република Македонија за остварување и заштита на заедничките професионални интереси. Со пререгистрацијата на поранешните професионални здуженија според новиот ЗЗГФ се создадоа нови соодноси помеѓу професионалните здруженија во Македонија, како и нивното регионално и меѓународно поврзување. Неколку особености ги карактеризираат овие промени и создаваат различие во граѓанскиот сектор во нашава држава.

1. Раслојување на професионалните здруженија:

Со определбата во член 17 од ЗЗГФ дека Здружение на граѓани можат да основаат најмалку петмина полнолетни граѓани државјани на Република Македонија се создадоа услови за раслојување на професионалните здруженија. Ова раслојување се остварува најмногу според професионалните интереси во определени специјалности и супспецијалности со што од неколку професионални здруженија со релативно голем број членови на ниво на Македонија се создадоа стотици професионални здруженија со многу мал број членови. Второто раслојување се одвива на етничка и регионална основа, така што се формираа македонски, албански, турски и други професионални здруженија со исти професионални активности, а во дел од нив се создадоа и регионални здруженија. Овие процеси им дадоа шанса на дел од професионалните здруженија да се афирмираат, додека инертните здруженија уште повеќе се изгубија во хиерархијата на големите здружнија и го изгубија својот идентитет.

2. Правно и финансиско осамостојување на професионалните здруженија:
Согласно член 6 од ЗЗГФ кој гласи дека Здруженијата на граѓани и фондациите се правни лица, се создадоа услови за осамостојување на професионалните здруженија и на извесен начин излегување од доминација на одделни личности и групи кои диктираа услови за работа на различните професионални интереси во едно сложено професионално здружение.


3.  Регионално и меѓународно поврзување на професионалните здруженија:
Малите професионални здруженија имаат предност во регионалното и меѓународното поврзување (членување) затоа што во големите и развиени земји професионалните здруженија се организирани според супспцијалности и многу се активни. Ова поврзување им овозможува на малите професионални здруженија да ги користат придобивките од развиените земји во облик на усогласени правила за работа, протоколи за работа, проекти, објавување трудови, размена на информации и друго со што се доближуваат во голема мера до меѓународните стандарди за работа.

4. Слабеење на професионалната моќ од заедничко дејствување:
Најголем недостаток од ситнењето на професионалните здруженија е губитокот на моќ од заедничко дејствување, односно остварување на заедничките интереси. Има голем број примери за тоа, но најзначајни се: неоствраување правото од работен однос за дополнителна и далечинска работа, нефинансирање на здруженијата од страна на државата, недонесувањето закони за одделни рпофесии и други модерни облици на делување кои не можат да се остварат главно поради немање координација помеѓу ситните професионални здруженија.

5. Хаос во професионалните состаноци (конгреси и симпозиуми):
Сите професионални здруженија имаат потреба од заеднички состаноци (конгреси или симпозиуми) кои се одржуваат на две или четири години. Огромниот број ситни професионални здруженија создаде одржување огромен број конгреси и симпозиуми на кои се појавуваат истите личности во различни улоги. Немањето распоред, неусогласеноста на термините за состаноци, немањето желба за заеднички состаноци на неколку сродни професионални здруженија и други причини создадоа вистински хаос во одржувањето симпозиуми и конгреси на професионалните здруженија во Македонија. Неопходно е да се преиспитаат облиците за организирање состаноци на професионалните здруженија со цел да се добие во квалитет и да се заштедат големи суми пари кои можат да се насочат во други активности на истите професионални здруженија.

(Д-р Мирко Спироски е претседавач на Македонски центар
за меѓународна соработка)

 

©MCMS - designed by KOMA