ЕКОЛОШКО ДРУШТВО „ЗЛЕТОВИЦА”
Да ги заштитиме реките!
По одржаниот едукативен семинар во Пробиштип, како и неколкуте работни регионални трибини во Скопје, Велес и Битола, организирани од еколошкото друштво „Злетовица” од Пробиштип, по предлог на ова друштво, членките на Движењето на екологистите на Македонија донесоа заедничка декларација за заштитата на реките. Во декларацијата се гбара од надлежните органи да донесат стратегија со приоритетни мерки за заштита на реките од отпадни воси од индустријата, комуналните води и земјодекството; заштита на флората и фауната во реките, одржлива употреба на реките и донесување на целосна законска регулатива за заштита на реките и формирање работна група која ќе работи на имплементација на сите законски норми во кои се опфатени речните системи. Оваа декларација претставува акција во рамките на проектот „Кампања за заштира на реките во Република македонија”, која со финансиска поддршка на Комисијата за развој на демократијата на Американската амбасада ка спроведува еколошкото друштво „Злетовица”.
|