ЕД „ПЛАНЕТУМ” - СТРУМИЦА
Еко-плус
Еколошкото друштво „Планетум” од Струмица го издава билтенот Еко-плус, со поднаслов „Прво независно еколошко гласило во Струмица”. Целта на овој билтен, кој излегува со финансиска поддршка на МЦМС, е да ги запознае граѓаните со проблемите поврзани со животната средина во градот и со работата на еколошкото друштво „Планетум”. Првиот број содржи информации за шеќерната болест, за водата како еден од клучните еколошки компоненти, за проектот за намалување на употребата на пластична амбалажа што го спроведува „Планетум” и други.
|