|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Косово
Шведска четири години ќе го поддржува цивилното општество на Косово
Шведската влада, преку нејзината агенција за развојна соработка, СИДА, пред извесно време потпиша четиригодишен договор за периодот 2008-2011, со три шведски граѓански организации: Квина тил квина, Меѓународниот центар Олаф Палме и Шведскиот Хелсиншки комитет од кои се очекува на независен начин да ги идентификуваат локалните граѓански организации за соработка и управување на шведската поддршка според приоритетите на шведската политика. Овие граѓански организации се активни во Косово од 1999 година.
Вкупната сума на четиригодишната поддршка за цивилното општество на Косово изнесува околу 6 милиони евра. Шведска гледа позитивни вредности во ангажирањето на шведски граѓански организации за да ја зајакне соработката со граѓанските организации од Косово. Шведските граѓански организации како легитимни претставници на шведскиот народ и косовските граѓански организаци, имајќи тесни односи со Косовците на ниво на заедниците, може да ги споделат реципрочно искуствата еден со друг. Трите шведски граѓански организации соработуваат со десетици косовски граѓанскии организации, а иако шведските организации се стремат да ги подобрат човековите права, родовата еднаквост и воопшто демократските вредности, тие имаат приоритетни области:
Квина тил квина се обидува да ги зајакне жените, зголемувајќи ја нивната самодоверба, како и учеството и нивната улога во создавањето демократско општество. Приоритет на меѓународниот центар Олаф Палме е зајакнување на демократијата и учество на граѓаните во подобрувањето на локалната политичка агенда, како и зголемување на знаењата на луѓето во процесот на членство во ЕУ. Човековите и демократските права на децата и на ромската заедница, Ашкалиите и Египќаните се наоѓаат високо во нивната агенда.
Работата, пак, на Шведскиот Хелсиншки комитет се концентрира на набљудување, застапување, зајакнување и известување, на тоа како функционира владењето на правото, правото на изразување и заштита против дискриминацијата на Косово.
Г.Ш.
извор: oneworld
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|