Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Погледи

   

Ким Мехмети

Комплетиран мозаик

Ако самостојна Македонија својот нов општествено-политички поредок требаше да го изгради врз урнатините на стариот социјалистички систем на стандарди и вредности, тогаш цивилниот сектор во оваа држава требаше да се гради од ”ништо”. И тоа во време и околности на турбуленции на Балканот, кога се кроеја нови државни граници и кога сите етнитети мислеа дека ова е последна можност да се коригираат историските "неправди". Што значи, во услови на голема исполитизираност на сите сфери од животот и затегнати меѓуетнички односи, кои може да се сметаат како наследени од стариот систем и издигнати на рамништето на разно-разни политички и етнички фрустрации.

Појавата на многуте политички партии, организирани како едноетнички, можеби не ќе беше толку штетна за мултиетничка Македонија, но само ако успееше паралелно да се развие мултиетничкиот цивилен сектор. Тој ќе ги здружуваше граѓаните по афинитети, а не заради некоја друга групна припадност. И ќе овозможеше поединецот да излезе од спиралата на групно етничко дејствување. Односно, овој сектор ќе претставуваше значајна  противтежа во балансирањето на дневно-политичките меѓуетнички игри и заедничките интереси на граѓаните кои се ослободени од етничкиот предзнак. Но, во овој поглед Македонија беше затечена. Односно, таа лесно ги обнови партиските структури, но не во доволна мера и тие што требаше да го поттикнат и предводат  цивилниот сектор. При што не изостануваа појави цивилниот сектор да ги следи постапките на политичките партии и да се организира врз етнички основи. Така се појавија разни НВО-и со звучни имиња, но кои беа покриени од дневнополитичките игри.

Ваквите појави може да се сметаат како ”очекувани” во општество во кое  не постоеше речиси никакво претходно искуство за начинот на организирање и функционирање на цивилниот сектор и во околности кога не постоеше "домашна" поддршка за тој да се изгради и етаблира. Таквата реална состојба придонесе во оваа сфера да се дејствува стихијно. Така што и покрај големиот број новосоздадени невладини организации, во првите години по осамостојувањето на Македонија, ефектот од граѓанските иницијативи беше минимален. И уште недоволно организиран за да може да се очекуваат видливи резултати.

Со цивилниот сектор во Македонија се случи истото што и во сите постсоцијалистички земји: квантитетот (бројноста на НВО-и) не беше пропорционален со конкретните позитивни резултати. Односно, овој сектор, поради "младоста" и почетничките слабости, не успеа значајно да придонесе во креирањето на општествените текови во земјата. Енормно големиот број невладини организации - во ваква мала држава -  е плод на желбата да се совлада просторот што остана празен по уривањето на претходното општествено уредување. Но, непостоењето соодветна структура што ќе го подигне на нозе овој сектор, оневозможи да се почуствуваат значителни ефекти во областа да се биде значаен коректив не дневната политика и регулатор на значајни сфери од животот на граѓаните. Причина повеќе што досегашните резултати на цивилниот сектор не се очекуваните може да се побара и во исполитизираноста на луѓето што требаше да дадат свој придонес во неговото етаблирање, а пред се на интелектуалците кои наместо својот индивидуалитет да го вложат во цивилниот  сектор,  во голем процент  застанаа зад амблемите на политичките партии.

НВО секторот во Македонија немаше да биде ова што е денес без поддршката на странски организации. Таа поддршка воопшто не се однесува само на конкретни донации, туку и на обука и тренинг на овдешните сегашни и идни НВО лидери и активисти. Оттука беше и сe уште е значајно  присуството на разните меѓународни организации и фондации кои ги поддржуваат и поттикнуваат разните граѓански иницијативи како единствена можност да се основаат и да профункционираат НВО-и кои денес претставуваат важни двигатели и компоненти на цивилниот сектор во Македонија.

И покрај тоа што денес во Македонија постојат неколку локални НВО-и кои се добро етаблирани и чиј портрет на дејствување и активности е препознатлив, сепак цивилнот секор сe уште е во фаза на негово втемелување. Се разбира, за општествените текови периодот од десет години не е толку импозантен за да се очекуваат „епохални„ резултати, но, очигледно е дека цивилниот сектор во Македонија сe уште е во фазата на „раниот пубертет„.  При што треба да се прифати како „природен„ феноменот на голем број НВО-и, но малку ефекти, бидејќи станува збор за начин на дејствување за кој не постојат претходни искуства. Кога на ова ќе му се додаде елементот дека  поддршката од странските организации понекогаш се одвиваше недобро планирано и стихијно, се надополнува сликата зошто резултатите не можеа да бидат поголеми отколку што се регистрирани во изминатите години. Но, неспорно е дека цивилниот сектор во Македонија веќе навлегува во фазата на негово јакнење и природно „чистење„ на теренот, при што станува релевантно постоењето на организации што ја искористија можноста да се етаблираат и да станат значаен фактор во креирањето на новото плурално општество.

Сега, кога Македонија запловува во колку-толку помирни политички води (барем гледано од аспект на означениот крај на балканските војни), треба да се очекува лепезата на цивилниот сектор да биде комплетирана. Воедно и реално да се процени и искаже важноста на овој сектор. Оти, веќе постојат основните претпоставки, како гледани од бројот на етаблираните НВО-и, така и во однос на создадената инфраструктура на луѓе кои имаат доволно искуство да го предводат овој сектор. Можеби засега изостанува уште и негувањето на свеста кај јавноста дека цивилниот сектор во една земја не е важен и значаен само во кризни ситуации, туку во сиот општествен демократски развој на една држава. Со тоа граѓаните ќе сфатат дека НВО-и не се пандан на политичките партии и на владините институции, ниту "антивладини” организации, туку значаен фактор што го надополнува функционирањето на едно вистинско демократско општество. Оти, ако политичките партии во една држава претставуваат одраз на мозаикот на политичките интереси во една држава, тогаш основата на која се лепи тој мозаик е политичката култура на населението. Со значајниот лепак наречен цивилен сектор кој ги содржи сите оние елементи значајни поединецот да биде и да се чувствува како креатор на најважен субјект во општествените збиднувања. Што значи, овој сектор треба да придонесе политичките субјекти, државните институции како и другите организирани структури да сфатат дека цивилниот сектор е компонента без која не може да се претендира на плуралност на интереси и активности. И дека тој сектор треба да се потпира на домашната поддршка и ресурси, а не да зависи само од надворешната финансиска и морална поддршка.

Ако изминатата декада на општествениот развој на Македонија за цивилниот сектор значеше трагање по физиономијата и совладување на просторот што му припаѓа, идниот период треба да го назначи вистинското оживување и дејствување на овој сектор како и негово поорганизирано дејствување. При тоа, треба да се афирмира подобрата соработка меѓу субјектите од овој сектор која досега изостануваше и придонесе ефектите да не бидат оние очекуваните. Односно, во идната фаза треба да дојде до „окрупнување„ на сродни организации, со што нема да продолжи трендот на фрагментаризирање на активностите.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Пилот број Јануари 2001
Вовед
Пилот број, Јануари 2001
Настани
Календар
Погледи
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA