|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Погледи
Состојбата со злоупотребата на дроги е драматична
Во нашата држава покрај многуте негативни збиднувања, кои претставуваат наше секојдневие, а н$ засегаат како граѓани, родители, пријатели итн., една маркантна состојба ни ги боде очите, не фрла во очај и н$ тера да размислиме како да се справиме со неа. Имено, станува збор за масовната злоупотреба на дрогата и другите психотропни супстанции, со посебен акцент на интравенските корисници, кои, за жал, во одделни региони во државата имаат заземено нагорен тренд до епидемиски размери.
Штетните последици по здравјето на корисниците и можноста за ширење на ХИВ/СИДА, хепатит и други заболувања, само уште повеќе ја драматизираат целокупната слика во мојот град Битола, во мојата држава Македонија, во регионот.
Значи станува збор за глобален проблем каде не е на нападнато само биолошкото битие, туку и социјалното и психолошкото. Како НВО може да се справи со оваа чума на 21 век, која го напаѓа и руши најкревкото, најперспективното ткиво на нашата држава - младоста. Како и зошто државата и нејзините институции реагираат или треба да реагираат на оваа несакана појава? Како присутните меѓународни фактори во државата реагираат и треба да реагираат колку заради нас толку, и заради нив самите? (“Ти правам добро за да ми биде добро” - Ниче.)
Уште пред 2,5 години во рамките на проектот за намалување на штетите од употреба на дроги, насловен како: “ХИВ/СИДА превенција помеѓу корисниците на дроги и лицата со ризично сексуално однесување во Битола”, а во соработка со “ХОПС” - Скопје и “ИЗБОР” - Струмица (чиешто драгоцено искуство и соработка ни го олесни отпочнувањето на проектот и во соработка и супервизија на ИХРД од Њујорк), “ВИА ВИТА” од Битола ја започна макотрпната теренска работа на размена на опрема и нејзино уништување. Во неа се вклучени двајца теренски работници и еден социјален работник како одговорен за теренската работа. Проектот го водат двајца координатори - психолог и психијатар.
На почетокот изгледаше дека работите се едноставни, но кога ќе се соочите со тежината и длабочината на проблемот ќе видите во колку ситуации сте беспомошни. Како што се одвиваше проектот така и тимот стекнуваше искуство, како од директното работење, така и од семинарите и размената на искуства со другите невладини и владини институции. Голата размена на опрема и нивното уништување не значеше дека сме ја завршиле работата, иако тоа претставува значајна работа. Напротив, се јави потребата за бесплатно и анонимно тестирање и советување за ХИВ/СИДА и хепатит, за што државата, односно ресорното министерство обезбеди можност во рамките на заводите за здравствена заштита, кое непречено се одвива.
Потребата од бесплатно и анонимно тестирање за присуство на дроги кај младите станува с$ поевидентна и во иднина треба да се изнајде решение слично како ова претходното. Со оглед на тоа дека социјалниот статус на корисниците на дрога во најголем случај е нерешен, се јавува потреба од законска регулатива со што би се решил нивниот статус. Ресоцијализацијата и обезбедувањето пристојно место за нивно собирање, само е делумно реализирано.
И на крајот, доаѓаме до проблемот на медицинскиот третман на интравенските корисници кој е регулиран единствено во Центарот на зависности во Кисела Вода во Скопје, каде имаат обучени тимови, но се недоволни за да ги задоволат нараснатите барања, што раѓа потреба од отворање вакви или слични центри за метадонски третман, со што би се олеснал пристапот на заинтересираните. Сето тоа се случува во соработка и контрола на Центарот за зависности во Кисела Вода. Заради тоа е покрената иницијатива во соработка со Светската здравствена организација и со Министерството за здравство, за да создадеме можност во Битола да се отвори Центар за советување и лекување на зависници од дроги.
Во очекување сме дека средствата од Фондот Глобал, кој се исклучиво наменети за решавање на овој проблем, брзо ефикасно и правилно ќе се распоредат во Република Македонија со што ќе се овозможи непречено одвивање на овие проекти. Потребата од поголемо вмрежување на НВО во државата, нивната соработка со регионалните центри (имаме соработка со Р. Бугарија), перманентна едукација на здравствениот и другиот персонал како што беше и досега, е насушна потреба. Не е нескромно ако кажеме дека лавовскиот дел од проблемите, кај интравенските корисници, го работи невладиниот сектор и на тој начин како партнер на државните институции помага во намалување и разрешување на одделни состојби.
Постојат многубројни приоритети во нашата држава и во регионот, меѓутоа еден од значајните приоритети за разрешување на овој проблем е целокупниот ангажман на невладините организации и владините институции, односно отворање фронт во битката со оваа непосакувана состојба.
д-р Омер Сулејман Центар за развој на граѓанското општество ВИА ВИТА – Битола
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|