РАЗВОЈ НА ПОТСЕКТОРОТ ЈАБОЛКО
Еден добар, здрав “гриз”
Андрија Секуловски од Здружението “Група за развој на потсекторот јаболко”, н$ пречека во своите простории во Ресен, и ни рече: - Денеска, на 12 јуни, 2003 година, и официјално ја отвораме новата канцеларија на Здружението, иако во неа почнавме да работиме пред еден месец. Отворањето на канцеларијата е дел од проектот “Пазарен информативен систем”, а всушност, се наоќаме во поранешни простории на “Агроплод”.
Канцеларијата, којашто целосно е опремена (со компјутер, печатач, факс, скенер, канцелариски мебел) е финансирана од МРФП и ЦЕЦИ. Здружението има 24 активни волонтери. Формирано е во мај, минатата година, кога ги реализираше “Деновите на македонското јаболко” во Ресен и испечати неколку брошури (“Агро и помотехнички мерки во јаболкарникот” и “Стандарди на јаболкото’”). Моментно, ова здружение рабори на проектот “Пазарен информативен систем” (ПИС), преку кој е обезбедена и канцеларијата. ПИС опфаќа обезбедување надворешен и домашен консултант, изготвување студија за развој на пазарите, одржување пет обуки и изработување софтвер за базата на податоци со анкетен лист, со кој се опфатени трите целни групи – производители, трговци и преработувачи.
Во наредниот период се планира изготвување брошури со предлози за мали и семејни бизниси, со рецепти чија суровина е јаболкото, со календар за активности во јаболкарникот, планираат и спроведување обуки за сметководствени работи за фармери и за утврдување профитабилност на фармите, потоа пласман на јаболкото во големите маркети, како и изготвување промотивен материјал за “Групата за развој на потсекторот јаболко” (брошури, веб-страница, посета на саеми, воспоставување мрежа на контакти, каталог од целната група…).
|