|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Конференција во Новосибирск, Русија
Мрежни ресурси на Третиот сектор
Сибирската мрежа, јавната регионална организација Кузбас центар “Иницијатива” (Кузбасс Центре “Иницијативе”), интеррегионалната јавна фондација “Центар за поддршка на граѓанските иницијативи” (ИПФ СЦИСЦ), спонзорирани од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), објавуваат повик за учество на меѓународната конференција “Мрежни извори на Третиот сектор”, која ќе се одвива на 29 и на 30 ноември 2005 година во Новосибирск, Русија.
Целта на конференцијата е дискутирање на темата за развојните механизми на мрежната активност, промовирање на професионализмот кај мрежните организации, зајакнување на нивната улога во општеството, проценка на мрежните ресурси во Русија и проширувањето на меѓународната соработка, како и размена на искуства. Конференцијата ќе опфати извештаи, дискусии, презентации, магистерски предавања, тркалезни маси и сесии “брејк-аут”.
Покана за пријавување се упатува до шефовите и учесниците од мрежните организации, како и до експертите од третиот сектор. Селекцијата на конечните учесници ќе ја врши организацискиот комитет на конференцијата, а ќе се заврши најдоцна до 8 ноември 2005 година. Приоритет ќе имаат учесниците со одредено искуство во развој на мрежи, работа во професионални заедници на граѓански организации, јавна и општествена експертиза и евалуација. Работен јазик на конференцијата ќе биде рускиот, а ќе биде обезбеден и превод на англиски. Сместувањето и оброците за учесниците од Русија ќе бидат бесплатни. Патните трошоци ги покриваат самите учесници. Формуларот за аплицирање може да се симне од веб-страницата на организаторите: www.cip.nsk.su/e_arj/nrtsc.zip. Пополнетите формулари треба да се испратат по електронски пат пред 1 ноември 2005 на nastya@cip.nsk.su или по факс на броевите: +7(383) 346-54-77, 346-45-32.
Т.Х.А.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|