ТРЕНИНГ ЗА НОВИНАРИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
Како да се напише добра еко-сторија
Регионалниот центар за животна средина од Будимпешта во партнерство со Еколошкиот прес центар од Скопје минатата недела во Охрид, го организираше првиот тренинг за новинари специјализирани за областа животна средина од Југоисточна Европа.
Целта на тренингот беше презентација на техниките како да се направи добра еколошка сторија обработена од сите аспекти, како еко темите да се наметната како топ-стории за медиумите, како да се креираат теми кои ќе бидат атрактивни за пошироката јавноста.
Тренингот го водеа Пол Браун, новинар со долгогодишно искуство во британскиот Гардијан и Павел Антонов, уредник на Билтенот на РЕЦ- Будимпешта.
Новинарите од регионот како учесници на тренингот имаа можност и за размена на искуства од своите земји, но и за осознавање на една од клучните точки во македонската еко-карта, Охридското Езеро.
С.
|