Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Претставување

   

Претставување

ЗДРУЖЕНИЕ НА СТОЧАРИТЕ “СВЕТЛОСТ” – МИРКОВЦИ

Застапување на интересите на сточарите

Здружението на сточарите “Светлост” од
 скопското село Мирковци е нова невладина организација - формирана е во октомври годинава. Формирана е како резултат на потребата од здружување и заедничко дејствување на сточарите од скопскиот регион, а особено поради тоа што ситуацијата во регионот во којшто дејствува ова здружение, а особено на општината Чучер-Сандево, каде што е и седиштето, е таква што постои недоволна информираност и едукација на самите сточари за новините во сточарството, со што се допринесува за поголеми загуби, недоволно развивање и губење на сигурноста за егзистенција од оваа дејност.


Областа на дејствување на ова здружение се сите општини во и околу градот Скопје. Засега оваа организација брои 60 члена, чиј претседател е Марјан Бајевски од с.Мирковци, Скопје.


Целта на оваа организација е унапредување на земјоделското производство преку непосредно запознавање на земјоделците со најновите достигнувања во земјоделското производство, со одржување разни видови едукациски семинари, предавања, обуки, размена на искуства со земјоделците, како од внатрешноста на Македонија, така и надвор од неа, застапување на интересите на земјоделците пред владини и невладини организации, изнаоѓање и организирање нови  пазари и воспоставување контакти со странски купувачи, користење и применување научно-технички сознанија, водење матично книговодство, стимулирање, поттикнување и насочување на интересот кај младите во врска со сточарството и друго.


Една од приоритетните задачи на ова здружение е добивање квалитетно сурово млеко, кое ќе ги задоволува стандардите на Европската заедница, добивање стандардизиран готов производ и успешно пласирање, како на суровото млеко, така и на неговите продукти. Паралелно со оваа задача ќе биде и ангажманот за набавка на поевтина сточна храна и други репроматеријали со цел намалување на трошоците на сточарите и нивно стимулирање за поголема добивка. По постигнувањето на овие цели, како една од приоритетните задачи на ова здружение би било и отворање своја сопствена млекарница во која што самите членови ќе бидат акционери. Здружението наскоро планира да изготви и свое лого со заштитен “бар-код”, кое ќе послужи за успешно пласирање на готовите производи и за  гарантирање на нивниот квалитет.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 20 Октомври 2002
Вовед
Тема
Настани
Календар
Публикации
Интервју
Концепти
Q&A
Појмовник
Погледи
Форум
Претставување
Донатори
 

©MCMS - designed by KOMA