ДЕЦА
ВО КРИВА ПАЛАНКА
“Насмевки” за социјална инклузија на децата
Од септември, годинава, во Крива Паланка започна да работи Центарот за социјална инклузија на деца и млади од економски неразвиени подрачја “Насмевки”. Центарот е финансиран од Фондацијата за образовни и културни иницијативи “Чекор по чекор”, Фондацијата Крал Бодуен и Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, а наиде и на огромна поддршка од локалната самоуправа, од јавните институции и од бизнис-секторот. Овој центар опфаќа социјализација и едукација на 80 деца, а поголем број од нив се од социјално загрозени семејства и деца без родители. Секој ден децата во центарот своето слободно време го исполнуваат со креативни активности, спортски игри, комуникациски вештини, разрешување конфликти, демокртија, еколошка едукација и изучување англиски јазик. Носител на проектот е еколошкото друштво “Флора” од Крива Паланка, во партнество со Доброволното противпожарно друштво и Организацијата на жените од Крива Паланка.
Д.М.
|