МЦМС
Косово - дилемите на една катастрофа
Македонскиот центар за меѓународна соработка ја издаде публикацијата "Косово - дилемите на една катастрофа" која е печатена на три јазика: македонски, албански и српски. Книгата првично е публикувана во Данска од страна на Данската црковна помош. Книгата е поделена во четири дела, која почнува со историските митови, со историјата на Југославија, со историјата на Косово, со војните на територијата на поранешна Југославија, продлжува со сториите околу хуманитарната помош во Македонија и во Албанија кои беа преплавени со косовските бегалци, како и дел наменет за ученици и предавачи.
|