ДРОМ
Петгодишен Информатор
Центарот за Ромска заедница “Дром” од Куманово издаде Информатор за периодот 1997-2002 година, со финансиска поддршка на МЦМС. Освен податоците за активностите и развојот на ова здружение, во Информаторот се претставени податоци за состојбата на Ромите во Република Македонија, а посебно на жената, студентите, бегалското прашање и други. Информаторот е објавен на македонски и на ромски јазик.
|