драстиЧно намалување на амазонските доЖдовни Шуми
За една година исчезнале 25.500 квадратни километри шума
Новата стапка на намалување на шумската површина (дефорестација) објавена од страна на бразилската Влада ги шокира конзерваторите, кои рекоа дека се потребни драстични мерки за да се измени трендот на нагло намалување на шумската површина во минатата година.
Најголемите тропски дождовни шуми во светот рапидно се уништуваат за потребите на земјоделството, вклучувајќи пренамена на земјиштето во полиња за одгледување соја и за сточарски фарми.
Врз основа на годишниот преглед на сателитските снимки на бразилскиот Национален институт за испитување на вселената (ИНПЕ) е утврдено дека помеѓу јули 2001 и јуни 2002 година, исчезнале 25.500 квадратни километри амазонска шума.
Бразилската Влада изјави дека планира да инвестира 40 милијарди долари за изградба на автопатишта, железнички линии, хидроелектричн ицентрали, далноводи и гасоводи во Амазонија во текот на следните неколку години. Ќе бидат изградени автопатишта во вкупна должина од околу 5.000 милји. Владата тврди дека овие зафати ќе имаат само ограничени ефекти врз Амазонија.
Г.Ш.
|