ЕКОНОМСКИ ФОРУМ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН
Организирано во процесот на евроинтеграција
Економскиот форум за Западен Балкан, што се одржа во Скопје на 14 март годинава, во фокусот го имаше процесот на интеграција на земјите од регионот во ЕУ, програмите на ЕУ за финансиска поддршка на нашата и останатите балкански држави, како и регионалните проблеми: корупцијата, сиромаштијата, организираниот криминал и други. Како што беше нагласено на Форумот, балканските држави треба да се потрудат да го искористат претстојниот Солунски самит на ЕУ што ќе се одржи во јуни годинава, за да се придвижат понапред во процесот на интеграцијата во ЕУ. Исто така, беше истакната и потребата од регионален приод кон евроинтеграцијата. Форумот го организираа Фондацијата Институт отворено општество - Македонија и Здружението на економистите на Македонија.
М.И.
|