ИНТЕРВЈУ ЈУТА БУЛИНГ, ЕВРОПСКА АГЕНЦИЈА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА
ЕУ му дава голема поддршка на граѓанскиот сектор
Маријана Иванова
Г-ѓа Јута Булинг е програмски менаџер во секторот Граѓанско општество и општествена кохезија во рамките на Европската агенција за реконструкција во Скопје. На оваа позиција во ЕАР, таа се наоѓа од март годинава. Иако тоа е релативно кус период на работа, таа оствари мошне добри контакти со чинителите на граѓанското општество во Македонија. Една од најзначајните активности на ЕАР во оваа област, граѓанскиот сектор, е поддршката на НВО саемот, кој штотуку заврши. Ова интервју е правено пред Саемот, и со г-ѓа Булинг разговаравме за прашања поврзани со граѓанското општество во Македонија.
Г.С. - Која е мисијата на Европската агенција за реконструкција?
Ј.Б.- Европската агенција за реконструкција (ЕАР) во оваа земја постои од неодамна. Таа официјално го започна своето работење на 1 март 2002 година и оттогаш раководи со главните програми за помош на Европската унија во земјава. Досега Агенцијата има дадено 26,5 милиони пакети итна помош од Европската унија како одговор на минатогодишната криза. Агенцијата исто така имплементира редовни програми на Европската унија од економскиот сектор, од општествениот развој, правдата, внатрешните прашања, како и од областа на животната средина, земјоделството, природните ресурси, локалната самоуправа, инфраструктурата, граѓанското општество и општествената кохезија. Сите проекти на Агенцијата имаат за цел да ја поддржат земјата во нејзиното настојување да се приближи кон Европската унија и да и овозможат да ги задоволи критериумите на Договорот за стабилизација и асоцијација, кој беше потпишан со ЕУ пред осумнаесет месеци. Нашата работа строго се надгледува од страна на Управниот одбор на Агенцијата, земјите-членки на ЕУ и Европската комисија, за да бидеме сигурни дека сите проекти и активности се во согласност со Мултииндикативната програма на Комисијата и со Стратешката програма 2002-2006 на Република Македонија.
Г.С. - Какво е вашето искуство со невладиниот сектор во Македонија?
Ј.Б.- Во Македонија почнав да работам во март 2002 г. како програмски менаџер во секторот Граѓанско општество и општествена кохезија во рамките на Европската агенција за реконструкција во Скопје. Оттогаш имав можност да се сретнам со разновидни граѓански организации, невладини организации, различни акционери, претставници од Владата и од министерствата и други донатори. За мене беше од голема предност тоа што ми беа достапни голем број информации за потеклото на граѓанскиот сектор во Македонија. Пред да дојдам во Скопје се стекнав со искуство, работејќи во повеќе земји во светот, вклучувајќи ги Босна и Херцеговина и Косово, пред с$ во областа на развојот на граѓанското општество. За мене е од големо значење да бидам во близок контакт со што повеќе невладини организации во земјата со цел да ги сфатам нивните потреби и ситуацијата во кои се наоѓаат. За да бидам постојано во тек со најновите случувања во граѓанскиот сектор, во иднина со задоволство би запознала уште повеќе невладини и граѓански организации. Токму поради тоа, во следните месеци планирам да посетам неколку организации низ земјата, особено надвор од Скопје.
Г.С. - Каков вид поддршка им дава ЕАР на невладините организации во Македонија?
Ј.Б.- За Европската унија, програмата ЦАРДС (Програма за помош, реконструкција, демократизација и стабилизација на Западен Балкан) претставува финансиски инструмент за поддршка на демократијата и владеењето на законот во Република Македонија. Развојот на граѓанското општество и промовирањето на меѓуетничките односи се покриени со компонентата демократија и владеење на законот во рамките на програмата ЦАРДС. Во рамките на истата програма за 2002 година, Европската агенција за реконструкција ќе ги финансира следните проекти од секторите на граѓанското општество и меѓуетничките односи. Во секторот на граѓанското општество, ќе го поддржиме зајакнувањето на невладините организации. За таа цел ќе финасираме основање на 8 ресурсни центри на НВО низ земјата, пред с$ во економски осиромашени области и онаму каде с$ уште не постојат такви центри. Ова ќе се постигне преку нашиот имплементациски партнер, Фондацијата Институт отворено општество Македонија, со следните цели: да се зајакнат капацитетите и развојот на помали национални НВО (вклучувајќи обука и давање услуги); поддршка на регионални мрежи на НВО; поддршка на соработката меѓу НВО и општините; и, да обезбеди техничка помош за мрежно работење, волонтерство, лобирање и одржливост. Проектот се заснова на искуството од четирите постоечки ресурсни центри на НВО, кои се имплементирани од страна на Институтот Отворено општетво со финансиска помош од Швајцарската агенција за развој и соработка. Проектот се однесува на сите НВО, без разлика на секторот во кој работат. Очекуваме да стартуваме со проектот во ноември 2002 г. Понатаму, го поддржавме и годинешниов НВО Саем. ЕАР финансиски го поддржа вториот Саем на невладини организации, кој е во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со неколку граѓански организации. Саемот претставува одлична можност луѓето да се информираат за невладиниот сектор. Во текот на саемот секој можеше да зборува со околу 200 НВО-учеснички од целата земја и да дознае нешто повеќе за нивните активности. За самите невладини организации Саемот претставува платформа за дискутирање на заедничките цели, а може да послужи и како форум на граѓанското општество. Втората област во која работиме, е Промовирање на меѓуетничките односи. Во првиот дел од оваа програма ќе финансираме една студија за оценување на меѓуетничките односи. Оваа студија ќе вклучува: скицирање (маппинг) и основање база на податоци за сите тековни и минати проекти на тема меѓуетнички односи; оценка на капацитетите на граѓанските организации и останати институции кои извршуваат активности од полето на меѓуетничките односи, како и преглед на обуката. Врз основа на оценката, нашите експерти ќе предложат активности за националната програма за надминување на стереотипирањето. За овие предлози (препораки) ќе се дискутира во рамките на Владата, како и во граѓанските организации, а потоа ќе се изготви самата програма. Во вториот дел од програмата за поддршка на промовирањето на меѓуетничките односи ќе испратиме локален повик за нашите предлози. Повикот ќе го објавиме во текот на втората или третата недела од октомври. Се повикуваат сите организации кои ги задоволуваат критериумите за погодност да се пријават со предлози за проекти. По истекот на рокот, кој ќе биде 60 дена, комисијата за оценување ќе ги разгледа предлозите за проекти и ќе & препорача на ЕАР кои предлози да ги финансираат. Повикот се однесува на проекти од меѓународните и домашните НВО кои се фокусираат на иновативни приоди кон: подобрување на меѓуетничките односи; поддршка на соработката меѓу малцинствата и промовирање на активности кои се преземаат на локално ниво и го поддржуваат процесот на помирување. За повеќе информации ќе треба да ги следите локалните весници и да ги следите процедурите за пријавување. Повикот ќе се објави во дневните весници. Во контекст на гореспоменатото, неодамна, постоеја други можности НВО да се пријават заедно со општините или со центрите за социјална работа за грантови за пилот-проекти од два проекти, раководени од Агенцијата. Еден од проектите е Програма на локалната самоуправа, а другиот е Проект за општествен развој и вработување, секторска институција (Сецтор-Институтион), градење на капацитети и развој на општествената благосостојба. И двата повика беа објавени во дневните весници и во тек е процесот на евалуирање.... За програмата ЦАРДС 2003 во граѓанското општество би сакале да ја прошириме нашата поддршка на други граѓански организации и понатаму да го поддржуваме процесот на меѓуетничко помирување. Како и да е, деталите за програмате за 2003 г. ќе ги знаеме кон почетокот на наредната година, откако за неа ќе се разговара со Владата и откако ќе се одобри од нашето раководство и од Комитетот на ЦАРДС.
Г.С. - Која е процедурата за пријавување за грантовите на ЕАР?
Ј.Б. - ЕАР строго ги следи правилата и процедурите на ЕУ за доделување грантови или склучување договори. Овие правила и процедури кои се дел од Практичниот водич за процедури на ЕК при доделување надворешна помош (Працтицал Гуиде то ЕЦ еџтернал аид цонтрацт процедурес) може да се најдат на официјалната веб-страница на Европската унија. Постојат два главни механизми зе да се потпише договор за грант со некоја НВО, или преку директен грант или преку повик за предлози. Процедурата за директно доделување грант е многу ретка и многу ограничена и ние претежно објавуваме повик за предлози. Затоа, бесмислено е нам да ни се праќаат предлозите. Треба да ги следите печатените медиуми, како и веб-страницата на ЕАР за да видите дали е објавен повик за предлози. Сите наши локални повици се објавуваат во дневните весници.
Г.С. - Како ги гледате преспективите на граѓанското општество во Македонија?
Ј.Б. - Граѓанското општество игра многу важна улога во развојот на демократијата во секоја земја. Секторот на граѓанското општество во Македонија веќе има доста постигнато во неговото релативно кратко постоење од 1990 г., и покрај тоа што секторот мораше да работи во една економски, општествено и политички тешка, неповолна средина. Неколкуте кризи во регионот, кои прилично ја исцрпија Македонија, вклучувајќи ја и кризата од 2001 година, исто така влијаеја и на секторот на граѓанското општество. Освен со средината, граѓанското општество се соочува и со некои внатрешни проблеми, во самиот сектор. Овие проблеми мораат да се надминат за да може секторот да стане модел за добар владејачки систем во државата. Бидејќи невладините организации претставуваат важен дел од секторот на граѓанското општество, дозволете ми да посочам неколку проблеми со кои се соочуваат тие, барем според моето мислење. Многу невладини организации зависат од донаторите и нема да се одржат доколку не поработат на основање фондови и собирање приходи за обезбедување на услугите. Понатаму, на значителен број невладини организации, особено оние од понизик ранг, с$ уште им е потребна помош за развивање на нивните капацитети и вештини. Особено внимание треба да се посвети на стратешкото планирање, организациското раководење, демократското донесување одлуки, одговорноста, лобирањето, застапувањето и градењето мрежи. Етничката поделба во рамките на некои полиња на кои работат невладини организации само му одмага на идниот развој на секторот. Како и да е, со секторот на граѓанското општество, во целост, може да се поврзат многу позитивни остварувања. Би споменала само неколку, како на пример вежбата за изборниот мониторинг, јавните информативни кампањи, настојувањата за лобирање по прашањата поврзани со животната средина и човековите права, како и настојувањата на женското лоби, кои резултираа со 17% жени-пратенички во новиот парламент. Според моето мислење, граѓанскиот сектор во моментот има вистинска можност да го искористи импулсот кој се градеше во текот на претходните месеци и треба да започне да се фокусира на следните прашања: да ги пренесе напорите за воспоставување морален кодекс; да го зголеми притисокот за реформи во законодавството, особено на даночниот систем, да биде поизборно ориентиран; да формира национална платформа за мрежно работење, застапување и лобирање; да ја подобри сликата за цивилното општество и да и го промовира на јавноста она за кое се залага тоа, како и да работи на транспарентноста и одговорноста. Конечно, морам да кажам дека нам како донатори ни е тешко да работиме со организации кои не се контролирани однадвор. Би сакала да ги охрабрам, особено невладините организации, да му посветат поголемо внимание на ова прашање. За крај, би сакала да подвлечам дека Европската агенција за реконструкција е заинтересирана да го поддржи важниот граѓански сектор во Република Македонија. Се надеваме на плодна соработка со сите учесници во граѓанскиот сектор во годините што следуваат.
Г.С. - Кои области се од посебен интерес за ЕАР?
Ј.Б. - Агнцијата има широко поле на интереси, речиси од секој сектор на општествено-економскиот живот во земјата. Во моментов Агенцијата или започнува или раководи со проекти од областа на традиционална помош, како што се патната инфраструктура и развојот на земјоделството. Таа исто така се разгранува во други полиња, како на пример професионално образование и обука, поддршка на претпријатија и борба против организираниот криминал. Некои од моите колеги од Агенцијата создаваат програми за реформи во високото образование, владата, банкарството, трговијата, индустријата, локалната самоуправа, полицијата, правдата, внатрешните работи и интегрираното раководење со границата.
|