Настани
МЕѓУНАРОДНО ЗДРУЖЕНИЕ НА ЖЕНИТЕ
Божиќна добротворна изложба
Меѓународното здружение на жените од Скопје на 10 декември, во хотелот “Континентал”, ја организира веќе традиционалната Божиќна добротворна продажба, која годинава беше мошне посетена. Предмети за продажба изложуваа македонски здруженија и фирми, како и странските амбасади во Република Македонија. Традиционално, приходот од изложбите оди во добротворни цели. Овој пат, се доделува на Клиниката за детски болести од Скопје – Одделение за ендокринологија и генетика. М.И.
|