|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Искуствата од Унгарија и од Данска
КАКО СОРАБОТУВА ВЛАДАТА СО ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР
Додека финишираат работите на владината Стратегија за соработка со граѓанскиот сектор, претставници на Работната група на проектот “Техничка поддршка на Одделението за граѓанско општество во Владата на Република Македонија”, во периодот од 21 до 26 ноември и од 2 до 10 декември 2006 година, беа дел од две студиски посети во Будимпешта, Унгарија и во Копенхаген, Данска.
Целта на студиските посети беше да се споделат најдобрите практики на соработката на владите на Унгарија и на Данска со граѓанскиот сектор во овие две земји и, општо, состојбата на граѓанскиот сектор и начинот на нивното функционирање и одржливост, како и развиеноста на граѓанското самоорганизирање и мобилизирање.
УНГАРИЈА
Учесниците во студиската посета имаа можност да се запознаат со главните прашања поврзани со владините односи со граѓанските организации и со механизмите за распределба на финансиски средства и друг вид поддршка на граѓанските организации.
Во Унгарија улогата на подготвувач и спроведувач на Стратегијата за соработка со граѓанските организации ја има Секторот за граѓански односи. Една од слабостите на ова тело е неговата ситуираност во Министерството за труд и социјална политика, наместо во Владата. Ова придонело кон губење на можноста за хоризонтална координација со другите државни институции и влијание врз политиките на Владата поврзани со прашања на граѓанскиот сектор, со што Секторот за граѓански односи не е во можност во целина да ја оствари својата функција.
Во Министерството за локални управи и регионален развој учесниците имаа можност да дознаат како се спроведува Стратегијата за соработка со граѓанските организации на Унгарија, како и конкретните механизми за соработка и распределба на средства меѓу министерството и граѓанските организации. Соработката се одвива пред с$ на локално ниво и вообичаено е секоја локална управа да има сопствена стратегија за соработка со граѓански организации.
Во поглед на досегашната законската рамка, во Унгарија постојат повеќе форми на граѓански организации кои можат да се регистрираат, но дозволено е да работат и како неформални здруженија. За подобрување на нивната одржливост, државата им дала можност да вршат економски активности и да уживаат даночни олеснувања коишто го гарантираат нивното функционирање. Новините предвидуваат граѓанските организации да можат да основаат и да бидат основани од правни лица и да дејствуваат како трговски друштва (ДОО, ДООЕЛ, АД). Без оглед на нивната организациска поставеност, профитот е недозволен и може да се употребува само за целта за која е основана граѓанската организација.
Владата на Унгарија со одлука го основала Националниот граѓански фонд (НГФ). Ова е заложба за поттикнување на спроведувањето на Законот за 1 % филантропија. Согласно овој закон, граѓаните на Унгарија можат по сопствен избор да донираат 1% од персоналниот данок во некоја од граѓанските организации. Владата на Унгарија, сакајќи да го поттикне добротворството на граѓаните, секоја година со посебна одлука донира финансиски средства од буџетот во НГФ, и тоа во висина на вкупните средства дадени од граѓаните како добротворство.
ДАНСКА
Учесниците имаа можност да посетат владини институции, граѓански организации и да проследат скратена обука за раководење со проектен циклус.
Данска се одликува со различен политички, социо-културен и економски контекст во однос на Унгарија. Ова придонесува да се видат различните (алтернативни) начини на граѓанско здружување, граѓански иницијативи и акции. Според некои податоци, секој Данец на возраст од 18 до 70 години во просек припаѓа односно членува или волонтира во три граѓански организации. Демократската култура е длабоко вкоренета во сите волонтерски здруженија и организации и најголемиот дел од нив добиваат јавна финансиска поддршка.
Во Данска не постои строга законска регулатива за граѓанските организации, а исто така нема ни посебна пишана стратегија на Владата за соработка со граѓанските организации, ниту посебни правила за задолжително учество на граѓанските организации во креирање на политиките или, пак, посебни критериуми за финансиска поддршка. Традицијата и високиот степен на доверба меѓу луѓето во општеството се основниот фактор за развиеното граѓанско општество и вкоренетата свест за истото. Расправата по одредени иницијативи, промени или законски решенија се одвива заеднички со целата јавност и е сосема разбирливо дека и граѓаните и граѓанските организации се вклучуваат во процесот на носење на одлуките, без посебни регулативни механизми за тоа.
Критериум за вклученост и доверба на граѓанските организации од страна на државните институции се резултатите кои ги постигнуваат граѓанските организации и нивната етаблираност во јавноста. Односните на соработка меѓу надлежните државни институции и граѓанските организации, а пред с$ нивната финансиска поддршка, се заснова на меѓусебни договори во зависност од потребите.
Најголемата поддршка ја дава Министерството за надворешни работи за развојни програми и проекти во земјите во развој, за што впрочем има и развиено Стратегија за граѓанско општество. Голем процент од поддршката којашто ја дава данската влада за земјите во развој се дистрибуира преку неколку граѓански организации од Данска. Во 2005 година Министерсвото за надоврешни работи има потпишано рамковни договори со 6 граѓански организации кои треба да имаат и сопствено учество обезбедено преку приватни извори во Данска. Овие организации се стекнале со право за поддршка од државата врз основа на нивното долгогодишно работење, покажаните резултати и нивната способност да мобилизираат средства и од приватни извори, односно од граѓаните. Никој не ја оспорува нивната легитимност и релевантност, бидејќи според барањето на Министерството, штом организациите се способни да мобилизираат поддршка од јавноста и кога јавноста им верува, нивната подобност е несомнена.
Сузана Никодијевиќ-Филиповска Раководител на секторот за анализа на политиките и координација Генерален секретаријат на Владата на РМ раководител на Работната група на Проектот
Какви се вашите генерални впечатоци од студиските посети на Унгарија и на Данска? Стекнатите знаења и искуства во поглед на моделите на соработка меѓу Владата и граѓанските организации, правната рамка за дејствување на граѓанските организации и начините на финансиска поддршка на нивниот развој во голема мера придонесоа за конечното дефинирање на текстот на предлог-стратегијата за соработка со граѓанскиот сектор. Секако, една од најважните научени лекции од овие посети е дека не постои демократија и национална солидарност без социјален дијалот, функционален систем на претставување на интересите и силно граѓанско општество.
Кои се разликите во овие земји во поглед на соработката на Владата и граѓанските организации? Изминатава деценија Унгарија беше сметана за лидер во законодавството што ги засега граѓанските организации. Со цел подобрување на квалитетот на законите преку зголемување на учеството на јавноста, унгарската влада воведе Отворена законодавна програма, а објавувањето на предлог-законите на интернет-страниците на министерствата е обврска содржана во Законот за слобода на електронските комуникации. Специфика за унгарскиот модел на односите влада–граѓански организации е постоењето институционализиран систем на односи, функционирање на посебни одделенија за поддршка на граѓански организации во релевантите министерства, специјални совети или работни групи (со учество на граѓански организации).
Данскиот систем на дејствување на граѓанските организации и нивната соработка со владините институции во голема мера се разликува од состојбите во Унгарија, бидејќи нивната соработка во основа е неформална. Голем дел од тие односи не се регулирани со закон, што е доказ за една земја со традиција и демократија, каде соработката со граѓанскиот сектор е дел од секојдневното работење. Граѓанските организации во Данска претставуваат важен и компетентен партнер на државата во имплементација на програми за развој. Секоја година, Министерството за надворешни работи склучува рамковен договор со ограничен број граѓански организации (6 во 2005 година), преку кои се врши алокација на околу 36% од данската хуманитарна помош за земјите во развој.
Дали искуствата се применливи во македонскиот контекст? Концептот на отворено законодавство со кој се овозможува на граѓанските организации да земат активно учество во обезбедувањето јавни услуги, особено во областа на социјалната заштита, претставуваат добар пример на партнерство на Владата и граѓанските организации, што е содржано и во предлог-стратегијата за соработка со граѓанскиот сектор на Владата на Република Македонија.
Дел од законските надлежности на Владата е да го поттикнува развојот на граѓанскиот сектор (член 8 точка 10 од Законот за Владата на Република Македонија), а донесувањето на Стратегијата за соработка со граѓанскиот сектор ќе придонесе кон нов квалитет во градењето демократска култура и социјална кохезија.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|