|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Претседателот на мрежата фондации Сорос, за одговорноста за воени злосторства
Колективна политичка одговорност
Одговорноста, а не помирувањето, е главната идеја којашто треба да се промовира по бројните злосторства што беа извршени во поранешна Југославија. Тоа е задачата на Хашкиот трибунал за воени злосторства
Сараево, 2 април (Хина) – Прифаќањето на колективната политичка одговорност за воени злосторства е единствен начин за закрепнување на едно општество во чие име биле извршени тие воени злосторства, а оваа формула е исто така применлива и за воените злосторства извршени во поранешна Југославија”, рече во Сараево Ариен Најер, претседател на мрежата фондации на Сорос и еден од најзначајните промотери на борбата за човекови права во современиот свет. Најер учествуваше во настанот кој ја одбележи десетгодишнината од “Медија центарот Сараево”, проект кој беше силно поддржан од фондацијата Сорос за време на војната, и одржа предавање за предизвиците со кои се соочува едно општество оптоварено со воени злосторства. Најер презентира теорија според која одговорноста, а не помирувањето, е главната идеја којашто треба да се промовира по бројните злосторства што беа извршени во поранешна Југославија и дека тоа е задачата на Хашкиот трибунал за воени злосторства.
“Водењето судски процеси и донесувањето пресуди во Хашкиот трибунал или во кој и да е друг суд, не би имало смисла без прифаќање на одговорноста од страна на оние кои со своите дела или со неуспехот да дејствуваат им овозможиле на политичките лидери и на нивните извршители да го прават она што го сториле”, рече тој. “Ние едноставно не можеме да бидеме членови на едно општество без да ја прифатиме одговорноста за она што го сторило тоа општество”, рече Најер, наведувајќи ги како пример Германија и Јапонија по Втората светска војна и начинот на кој двете земји се соочија со одговорноста за воените злосторства. Коментирајќи го примерот на Германија, Најер рече дека можеби побитни од судењето на наци-водачите во Нирнберг биле судењата водени подоцна пред другите германски судови. “Постојат околу 5.000 такви судења, рече Најер, сеќавајќи се исто така на судењето на Адолф Ајхман, кој, рече Најер, им помогна на генерации млади Германци кои растеа во ’60-тите, повторно да се соочат со злосторствата извршени од страна на нивните татковци и дедовци. Тие судења доведоа до катарза во Германија која се смени од едно болно општество во едно од најздравите општества на денешницата”, рече Ариен Најер. Јапонија е пример на земја која не успеа целосно да се соочи со своето злосторничко минато, рече тој, споменувајќи си дека Јапонија беше одговорна за смртта на речиси десет милиони луѓе, од Кина до Филипините.
Одлуката на Американскиот воен гувернер, Даглас Мек Артур, да не го изведе пред суд јапонскиот император Хирохито за тие злосторства, туку само неговите воени команданти и некои државни службеници, беше грешвка, а конечниот резултат од таа постапка е дека сегашниот премиер на Јапонија, Јуникиро Коизуми, се моли без колебање во храмот посветен на некои од извршителите на најтешките воени злосторства во Азија. Токму поради тоа, денес во Јапонија постои огромна недоверба, а Кина објави дека строго ќе се спротивстави на постојаното членство на Јапонија во Советот за Безбедност на ОН. На можното членство на Германија во Советот за Безбедност не се спротивставува ниту една членка на Советот, рече Најер. Она што е неопходно е развивање чувство за правда и прифаќање на колективната политичка одговорност, рече тој. “Важно е во тој процес да се прифати фактот дека злосторствата се извршени, дека податоците, како за жртвите, така и за криминалците, треба да се индивидуализираат и дека сите одговорни политичари и воени команданти треба да се судат”, рече Најер.
Хрватска новинска агенција – ХИНА, април 2005) |
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|