Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Волонтерство

   

НАСТАНИ

ВОЛОНТЕРСТВО

ВОЛОНТЕРСКАТА РАБОТА НА СТУДЕНТИТЕ

Младите отворено го прифаѓаат волонтерството

Во волонтерската работа на студентите, присутни се сите елементи на општествена активност, освен раководењето, својствено на координаторите. Овие елементи се манифестираат како: иницијатива, протест (спротивставување, одбивање задачи), поттик, контрола, добивање информација, поставување прашања, давање согласност, подредување (без вербална компонента) и изведба.

Со задоволство се вклучувам во Вашата дискусија за волонтерството, бидејќи волонтерскиот феномен ми е многу близок и претставува една од областите на моето научно проучување.
Би сакала во ова дискусија да внесам неколку информации за состојбите во нашетото волонтерство гледани преку резултатите од некои мини-истражувања, а кои се однесуваат на волонтери-студенти. Нема да навлегувам во методолошките заложби на испитувањата, туку ќе се ограничам само на некои заклучоци. 

Уште во 1996 година анализирајќи ги факторите кои влијаат врз волонтерската активност, констатирав  дека:
• Во моментот на вклучувањето во волонтерската активност,  студентите зрачат со ентузјазам, љубопитност и потреба од реализација на своите, до некоја мера изградени просоцијални ставови. Сепак за време на обавување на задачите, ентузијазмот, па и истрајноста во работата, во голема мера зависат од организацијата на тие активности, обезбедувана од страна на координатори, независно од тоа дали се работи за владини  или невладини организации.
•  Во волонтерската работа на студентите, присутни се сите елементи на општествена активност, освен раководењето, својствено на координаторите. Овие елементи се манифестираат како: иницијатива, протест (спротивставување, одбивање задачи), поттик, контрола, добивање информација, поставување прашања, давање согласност, подредување (без вербална компонента)  и изведба.   
•  Волонтерите со своја креативност внесуваат нови елементи во работата. Според нивното мислење иницијативата која ја покажуваат мора да биде подржувана и развивана, со почитување на одредени правила од страна на волонтерите. Спротиставените ставови и несогласувања упатени од страна на доброволци треба да се почитуваат и разгледуваат. Постои потреба од информации, помагање и анализирање на нивната  активност. На тој начин најдобро се засилуваат просоцијалните ставови на младите волонтери. 

Најновите истражувања спроведени со студентската популација од острана на Б.Фотевска (остварени за потребите на дипломската работа) покажаат дека студентите-волонтери во невладините организации како мотиви за волонтерска работа најчесто ги посочуваат: развивањето на нови способности - вештини; помагање на луѓето кога имаат потреба; запознавање на нови луѓе; желба да се бораат за добра цел; лична сатисфакција.
Според испитаниците најпријатни моменти во волонтерската работа се: запознавање на нови луѓе; дружење и стекнување на пријателства; помагање на лица кои имаат потреба; задоволство од реализирани проекти.
Непријатни моменти во волонтерската работа се: недостаток на финансиски средства за реализација на проекти; судири при извршување на дадените активности; чекање на одговори за предлог проекти; неуспешни проекти.
Истражувањето спроведено со студентите од четврта година на Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет во Скопје, се однесуваше на оценување на нивните вештини во работата со луѓе. Во истражувањето се потврди хипотезата дека: непосредното вклучување на студентите во практичните социјални активности ја намалуваат самооцената која е утврдена само по пат на теоретски сознанија стекнати за време на предавањата и вежбите.
Студентската популација беше поделена на две групи: студенти кои освен сите задолжителни активности се вклучени и во проекти на невладиниот сектор и студенти без тој вид на искуство.
Во однос на следни активности :  а. слушање на другите целисходно и со разбирање; б. посматрање и интерпретација на вербални и невербални поведенија на луѓето; ц. комуникација со луѓе; д. емпатија  -  студентите  без искуство во работата во невладиниот сектор  се оценуваат како многу добри. Во однос на  сите од овие вештини пониско се оценуваат  студенти  вклучени во доброволните активности. Содржината на вештините се однесува на вообичаени контакти со луѓе и студентите најверојатно поради тоа се оценуваат доста високо.
Најниско со оценка: доволно од страна на студенти без искуство во волонтерска активност се оценети следниве вештини: а. советување и примена на социотерапија; б. интерперација и презентација на социјалните потреби спрема јавност; в. барање и добивање  на средства за да се помогне на другите; г. добивање на информации и составување на извештај за анамнеза или дијагноза. Според студентите вклучени во невладините проекти самооцената за истите вештини  е повисока.
Интересно да се забележи дека посочените вештини бараат навистина соодветно искуство. За време на студирањето студентите не можаат да искусат некои од потребните вештини на пример: презентирање на социјални потреби спрема јавност, побарување на средства за да се помогне на другите и слично.
Со оценка: добро ги оценувам, студентите ги оценуваат своите следни вештини: ангажирање на луѓе (единки, групи) сами да ги решат своите проблеми; донесување на одлука заедно со луѓето или во нивно име; успешност во конкретна работа со луѓе; воспоставување на контакт со луѓе; добивање за сооработка лица, семејства, локална средина; подготвност да се посочи соодветни институции во решавање на проблем.
За некои од горе посочени вештини повисоко се оценуваат студенти- доброволци, за некои  пак студенти без волонтерско искуство. 

                                       *     *    *

Во оваа куса анализа се ограничив само на добиените резултати - без соодветни коментари, а вниманието беше насочено на волонтерите-студенти. Во невладините организации, групите на самопомош и општествените движења делуваат и други групи волонтери. Најчесто, слично како и во другите земји, тоа се луѓе со просечен социјален статус со тенденција кон повисок, во смисла на нивното социјално потекло и социјален стандард.
Пред си кој е волонтерот? Според мои размислувања, поткрепени во поширока литература, тоа е лице кое работејќи врз сопствена одлука, без финансиски надоместок и општествено овластување, извршува подолго време одредена активност, постигнувајќи одредени цели за поединецот  (со кој не е во сродство), групата и поширока заедница.
Дали на волонтерите треба да им се заштитат нивните интереси и права? Уште во 1979 г во книга од М.Вилсон сретнуваме список на волонтерски права, според кои меѓу другото: право да се биде волонтер е независно од полот, возраста и финанасиски статус; право да се работи оној вид дејност за која посебно е заинтересиран волонтерот. Тој сам решава колку време ќе и посвети на своја доброволна работа;  право да се биде не само волонтер, туку и супервизор на активности; право да се биде препорачан како личност за учество во слични активности или во друга волонтерска дејност .
Според  правата, волонтерот треба да има постојан увид во активностите кои ги обавува, од моментот на дијагностицирање до евалуација. Дали е секогаш така и дали може да биде така? 
Односот помеѓу вработените во НВО-секторот  и волонтерите претставува си почесто проблем.
Волонтерот по дефиниција не треба да прима никаков финансиски надоместок, освен некои бенифиции, како што е надоместок за превоз, храна, учество на конференции и семинари. Дали ваков луксуз можат да си дозволат  нашите волонтери? Тоа е првата дилема со која самата имам проблем .
Волонтерот нема општествени овластувања, значи, најгрубо речено, не одговара за својата активност. Многу често вклучени се во многу одговорни активности кои бараат соодветна професионална подготвеност. За жал, многу работи во нашите НВО се одвиваат ad hock - неподготвени луѓе работаат на многу одговорни активности .
Време за обавување на волонтерска дејност. Имаме волонтери-шетачи од една до друга организација во потрага за задоволување на своите потреби. Дали вонтер е човек од една и најдобра акција - или некој кој делува подолго?  (што од психолошка гледна точка е и функција во НВО) Дали на секого треба да му даваме препораки од одредена организација?

Проф. д-р Мариа Доневска
Институт за социјална работа и социјална политика
Филозофски Факултет-Скопје
 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 07 Август 2001
Број 07 Август 2001
Вовед
Настани
Публикации
Календар
Форум
Погледи
Представување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA