ВО СКОПСКАТА ОПШТИНА ЦЕНТАР
Служба за поплаки на граѓаните...
Во скопскста општина Центар функционира Служба за поплаки, каде граѓаните можат да се обратат доколку имаат забелешки за работата на органите на оваа општина, како и за парашања што се во надлежност на општината.
Службата функционира во рамките на Граѓанскиот информативен центар кој работи во рамките на општина Центар. Таа е замислена како врска меѓу граѓаните и надлежните органи на општината и како еден од начините за остварување на учеството на јавноста во нивната работа.
Граѓаните до оваа служба можат да се обратат секој работен ден, во просториите во бараката број 4, или пак на телефоните 223-343 и 237-713. Доколку имаат поплака, ќе треба да пополнат формулар што ќе им биде даден во Службата, а одговорот ќе го добијат усно (веднаш или подоцна, телефонски) или во писмена форма.
Инаку, Граѓанскиот информативен центар на општина Центар располага со библиотека која им стои на располагање на граѓаните.
М.И.
... И Програма за поддршка на младите
Општина Центар до крајот на август ќе спроведува програма за работно ангажирање на педесетина млади (од 18 до 30 години), регистрирани како социјални случаи. Тие ќе бидат ангажирани во неколку комунални проекти (уредување паркови, јавни површини, детски игралишта).
Оваа програма на општината Центар ја финансира Програмата за развој на Обединетите нации-УНДП, во рамките на програмата СЕЦ која во себе обединува две цели - вработување млади лица и подобрување на состојбата на животната средина. Младите ангажирани во овие проекти ќе добиваат личен доход и платено осигурување за заштита при работа.
М.И.
|