|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Борис Шоштариќ - Национален совет на инвалидските организации на Словенија
Без членство во ЕУ, политичарите би ни скратиле многу средства
Борис Шоштариќ како претставник на Националниот совет на инвалидските организации на Словенија гостуваше на еден од панелите на НВО-саемот во Скопје, каде го пренесе своето искуство за начинот на добивање и користење на средствата од игрите на среќа во таа земја. Член е и на главниот одбор на Европскиот инвалидски форум.
Колку словенечкото искуство во поделбата на парите од лотаријата е специфично во однос на другите земји и на што им укажавте на граѓанските организации во Македонија?
Разбирам дека најверојатно директното пресликување на туѓите искуства е многу тешко, но сепак ќе подвлечам дека и Македонија, како и Словенија, излезе од истата поранешна држава Југославија, каде во почетокот на ’70-тите години од минатиот век дојде до децентрализација на лотаријата. Тогаш Словенија одлучи тие пари да ги употребува само за потребите на инвалидските, хуманитарните и спортските организации.
Во другите републики тогаш се практикуваше таквите средства повремено да се употребуваат за спортски потреби, а не знам во детали каква била практиката во Македонија. Откако се распадна СФРЈ, се појавија разлики во раздвојувањето на општествената сопственост во таа област. Во принцип, игрите на среќа, во сите општествени системи се државен монопол, каква и да е сопственоста на изведувачите на игрите на среќа, државата тоа го регулира низ некои прописи, низ концесија. И Македонија сигурно сите игри ги контролира преку концесии, но прашање е на кој начин, со каква содржина. Суштинското прашање е во тоа дали македонската држава доволно се грижи игрите на среќа да имаат некакво оправдување преку создавање одреден фонд на средства за добротворни цели: за хуманитарни, за инвалидски, за спортски и др.
Сега во Словенија повторно е формирана државна лотарија која досега беше добро регулирана што говори дека државата ги сочувала парите за добротворни цели. Но, во практика, во последните години имаме потешкотии, бидејќи на секој начин странските изведувачи сакаат да дојдат на словенечкиот пазар, а е многу интересно што државата им нуди исти услови како и на домашните производители што произлегле од некогашната државна сопственост , а овие тоа не сакаат да го прифатат. Бидејќи не постои добра законска регулатива, изведувачот на криминален начин влегува на пазарот и ги краде парите и од државата и од потрошувачите на тие пари.
Сега Словенија го дополнува постојниот закон во таа област и веројатно тоа ќе го регулира во 2008 година. Би подвлекол дека треба да ги убедите македонските власти да не ги ставаат таквите пари во државниот буџет, бидејќи тие се нископрофилирани, набиени со развојна енергија и луѓето можат да ги употребат за она што навистина им треба. На пример, ако на една граѓанска организација & треба столица, членовите ќе купат или ќе платат стручно лице кое им е потребно за некоја активност и тн. А, кога сакате таквите пари да ги добиете од државниот буџет, тоа оди многу тешко, бидејќи тие пари се високопрофилирани. Обично ако доаѓаат на општествената арена, тогаш тие се делат на конкурс и мал број организации можат да ги употребат. Втор недостаток е што обично тогаш (а, тоа го прават и странците во нашите некогашни земји) парите се употребуваат на проектен начин, преку проект кој се изведува две-три години, кој може и да згасне. Во подрачјата, како што се одредени хуманитарни организации, а особено инвалидските (бидејќи ние живееме 24 часа како инвалиди), финансирањето мора да биде стабилно, а не да се реализира на проектен начин.
Јас сум член на главниот одбор на Европскиот инвалидски форум, кој главно го врши спроведувањето на европската инвалидска политика и стои на ставот дека секоја држава мора да ги обезбеди основните финансии од јавен извор. Јас мислам дека за овие земји тоа е навистина најдобриот извор.
Како се одвиваше обезбедувањето на средствата во Словенија од почетокот на ’90-тите години од минатиот век досега?
Патот беше, и е многу тежок. Колку е земјата поразвиена, толку е потешко, а и Македонија за 10 до 20 години кога ќе биде поразвиена, ќе има повеќе артикулирани јавни интереси.
Поради тоа, и кај нас се одеше многу тешко. Секогаш одговорам на таквите прашања многу отворено, дека државата беше наклонета, љубезна кон нас само толку, колку што ние, инвалидите, бевме способни да ја убедиме. Не употребувавме штрајкови, туку аргументи, влијаевме врз политичките партии, им докажувавме на политичарите дека тоа е корисно за целото општество, не само за населението, туку и парцијално за интересите на целата држава. Конечно, државата сепак е заинтересирана да работи на што повеќе социјални проблематики (иако многу од чиновниците и политичарите не се свесни за тоа), а успешната работа со инвалидските и хуманитарните органзации претставува идеална ситуација, бидејќи низ нив се ангажира многу енергија, многу творечки потенцијали на населението што официјалната држава никогаш не може да ги ангажира. ЕУ сега го стимулира тоа, а државата системски ги поддржува, бидејќи е корисно за неа.
Што правевете конкретно?
Одевме во Парламентот. Во 1996 година јас лично бев член на државниот совет и ја искористив мојата позиција, вешто ги протуркав процедурите. А сега, кога државата сакаше да направи одредени неповолни промени за нас, собравме 67.000 потписи од граѓаните што беа против и покажавме дека тоа е волја на луѓето, а не само на инвалидите. Се обидоа да го намалат обемот на средствата за инвалидите и нашето влијание, а ние уште од времето на поранешна Југославија, па с$ до денес, практикуваме во органите кои одлучуваат за парите од игрите на среќа претставниците на инвалидите секогаш да бидат во мнозинство. Тоа и сега го задржавме, а државата сакаше да ги изедначи претставниците на инвалидските и хуманитарните организации, да ни одземе дел од средствата.
Колку има видливи промени по влегувањето на Словенија во ЕУ што се однесува до инвалидските организации?
Тоа е навистина многу комплицирано прашање, бидејќи ЕУ многу работи координира и ги поставува на високо ниво, а единствено социјалните права не се координирани. Тоа е работа на националните држави и не постои трансфер на тоа подрачје. Во пракса треба да се очекува дека со влегувањето на Македонија во ЕУ ќе зајакнат силите во земјата кои се против трошење на парите за социјални права. Така да во првите 5 до 8 години, ќе морате вие, што работите во интерес на граѓаните или на инвалидските или хуманитарни организации, или пак оние кои имаат повисока свест дека не е важна само продукцијата, туку и квалитетот на живеењето, да вложувате многу сила за да не ги скратат инвалидските права. Особено треба да се внимава на некои економски советници од странство кои доаѓаат во овие земји, како што доаѓаа во Словенија и советуваат да се намалат пензиските, здравствените права и др.
Од друга страна, пак, со влезот во ЕУ, многу работи во земјата се ревитализираа, многу стопански организаци, а тоа е брз процес што нуди добра перспектива. Така што не е с$ црно-бело, туку е многу шарено.
Би рекол дека сме оптимисти, бидејќи сме свесни дека без членство во ЕУ, словенечките политичари најверојатно би ни скратиле многу повеќе материјални средства. ЕУ бараше да го имаме Националниот совет на инвалидските организации, работа на Европскиот инвалидски совет во кој сме полноправни членки и тоа е нашата одбрана против домашните стремежи за редукција на јавните средства за инвалидите.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|