Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Коментар

   

Коментар

Демократија на крилјата на томахавките

Не знам дали луѓето можат деновиве да си го живеат мирно животот без барем еднаш дневно да помислат на “демократската офанзива” на сојузничките сили што им се случува на граѓаните на Ирак. Навистина тешко. Верувам дека никој не може да остане имун на сликите од телевизиските екрани или на оние од насловните страници на весниците.
Уште поиритирачки се информациите за бројот на употребените ракети за “демократската кауза” посебно ако се има предвид дека секоја од нив баснословно чини. На пример една од бомбите “томахавк” популарно наречена “носач на демократија и добробит за населението во Ирак” чини еден милион американски долари. Кога ќе го прочитате податокот дека до 1995 година во Ирак умреле 567.000 деца до пет години како последица на санкциите  наметнати од страна на меѓународната заедница, зарем не ви паѓа мрак на очи? (информациите се од извештајот од прелиминарното истражување на UN FAO од 1995 година) Надалеку позната е изјавата на тогашниот државен секретар Медлин Олбрајт која на прашањето дали вреди за целите смртта на 500.000 ирачки деца, што е поголема бројка од децата загинати во Хирошима,  без размислување одговорила дека вреди.
Слични обиди за “демократизација” сме виделе и во други држави, некои од нив подалеку на истокот, а некои во непосредното соседство. Резултатите од ваквите офанзиви не се “процветана демократска држава” туку разурнати домови, уништени семејства, луѓе неспособни уште долго време да ги залечат траумите на војната, затоа што тоа е вистинското име на ваквите “офанзиви”, војна. Фамозниот израз “колатерална штета” не е се само оштетените објекти кои не биле цел на нападот, ама настрадале, тоа се исто така луѓето, мажи, жени и деца, нивните згаснати животи, празнината што останала по нив, иднината што никогаш нема да ја имаат… Колатерална штета се обезличените трупови што деновиве се прикажуваат на телевизиските канали, а кои на улиците на Багдад безживотно лежат заради “демократската кауза”.
Може ли војната да поттикне нешто добро? Просто да не поверуваш! Сепак, обединувањето на огромен број граѓани кои неуморно протестираат против војната во Ирак, е нешто добро што му се случило на светот. Граѓаните секојдневно упорно покажуваат дека тие заедно со граѓаните на Ирак се всушност граѓани на светот којшто некој сака да го преуреди без да ги праша нив. Погледнете ја таа грандиозна граѓанска иницијатива, тој отпор што за прв пат се случува во вакви размери. Неверојатно е, и ве остава без здив. Таа иницијатива е против сите “команданти на флоти” и слични на нив кои сакаат да пишуваат нови страници во историјата на Ирак, а не се Ирачани, против сите генерали кои го креваат палецот нагоре и ги одобруваат воените напади, против сите политичари кои на смртта на граѓаните гледаат како на “колетереална штета”, против сите оние кои мислат дека целта го оправдува средството, против “томахавките” кои не носат демократија туку држат во страв 13 милиони деца, против сите што најгрубо ги прекршија правата на граѓаните…
И граѓаните на Скопје имаа можност да се придружат на овие глобални протести против војната. За жал тие протести се претворија во натегање на учесниците на тема дали ни чини Претседателот на државата и Премиерот, делумно во скандирање против нив, во поделеност на самите организатори на протестите, во дезориентација на учесниците од каде всушност ќе започне протестниот марш… За некои од учесниците навистина беше тешко да се поверува дека дошле да го искажат својот протест против можната војна во Ирак, повеќе личеше дека дошле да ги искажат своите лични фрустрации против државниот врв.  
Сепак, поворката граѓани која тргна на протестен марш и која како цели ги имаше седиштето на Владата на Македонија и Американската амбасада во Скопје и на крај заврши на плоштадот “Македонија” достоинствено ги пренесе пораките до организаторите на војната: “Стоп на војната во Ирак, сакаме мир и работа”; “Војна = убивање за профит”; “Знаеме дека е за нафтата”; “Стоп на американаскиот империјализам, стоп на крвопролевањето за нафта”!

Гонце Јаковлеска

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 25 Март 2003
Настани
Коментар
Писма од читателите
Тема
Интервју
Публикации
Погледи
Концепти
Појмовник
Q&A
Форум
Претставување
Донатори
Избор
Календар
 

©MCMS - designed by KOMA