Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Демократија и човекови права

   

„ОПЕРАТИОН ДАГСВАЕРК„ 

Еднодневна заработка за финансирање на Организацијата

Четворицата претставници од данската средношколска организација во својот еднонеделен престој во Македонија, имаа можност да ни раскажат за начинот на финансирање на својата организација, за почетокот на програмата ПОР, да се информираат за досегашниот тек на спроведувањето на ПОР, за животот на Ромите во Македонија, за нивниот приод кон образовниот систем, и за Македонија, воопшто

- Претставници на данската средношколска организација „Оператион Дагсваерк„ кон крајот на март, годинава, беа во посета на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Четворицата претставници од данската невладина организација, Торстен Андерсен (Торстен Андерсен), Инге Дус Хјортлунд (Инге Дуус Хјортлунд), Сине Шак Вестергард (Сине Сцхацк Вестергаард) и Дите Берегард (Дитте Бјеррегаард), имаа за цел да се запознаат со текот на активностите на програмата „Применето образование за младите Роми„ (ПОР), што ја реализира МЦМС. „Оператион Дагсваерк„ е главниот донатор на Програмата, што се спроведува во единаесет градови во Македонија, каде што има значителен број граѓани од ромска националност. А од нив дознавме и за еден мошне интересен начин како една граѓанска асоцијација може на еден креативен начин успешно да се финансира.

„Оператион Дагсваерк„ делумно тоа го оставрува од данските владини фондови, а делумно од сопствени активности. Еднаш годишно, на почетокот на школската година, во ноември, околу 15 % од средношколската популација, односно од 20.000 до 25.000 средношколци, работат на доброволна основа, како што се чување деца, помош на стари лица, одредени работи по приватни фирми и по домови и сл. Еднодневната заработка целосно ја посветуваат на својата организација.

„Оператион Дагсваерк„ постои од почетокот на деведесеттите години од минатиот век, иако со свои проекти започнува да се појавува неколку години пред тоа. Мотивот за формирање на ова средношколско здружение лежи во нудење помош во предизвиците на образовните процеси и на животните услови на земјите во развој, односно помош во едукативните процеси на децата и на младите луѓе кои имаат потреба од неа. Интересен е начинот на кој се финансира оваа данска средношколска организацијаво Македонија е присутна од 1999 г., од кога и донела одлука за помош за едукација на младите Роми во нашата земја.

Гостите од Данска, за време на еднонеделниот престој во земјава, посетија неколку граѓански здруженија што се вклучени во спроведувањето на Програмата, дел од основните училишта што исто така се вклучени во ПОР, како и ромски локални заедници, во Скопје, во Велес, во Гостивар, во Куманово и во Делчево. Освен тоа, Данците имаа можност непосредно да ја осознат ромската култура во Република Македонија и нивниот начин на живеење.
Програмата „Применето образование за младите Роми” започна во текот на 2001 г., а ќе трае до 2004 г. Во нејзината реализација се вклучени 15 локални НВО и уште толку основни училишта од државата. Со Програмата се опфатени млади Роми од 11 до 25 години.

Д. Медароски

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 15 Април 2002
Број 15 Април 2002
Вовед
Тема
Настани
Календар
Публикации
Интервју
Погледи
Концепти
Q&A
Појмовник
Форум
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA