|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
КОМПЛИЦИРАНОСТА НА ПАЛЕСТИНСКОТО ПРАШАЊЕ
Во потрага по организирана солидарност
(продолжува од минатиот број)
Како да ги смениме стратегиите од реактивни во проактивни? Предоцна ли е да се смени оваа ситуација? Можеби не, но секако ни треба поинаков пристап и методологија. Се уште можеме да градиме солидарност околу Палестинците од различните меѓународни групи коишто ќе не советуваат. Тие можат да ги пренесат понатаму нашите барања и да ни помогнат со тоа што ќе изградат дискурс којшто ќе стигне до целокупната меѓународна заедница.
Демократските сили во Палестина и Израел, палестинската дијаспора и меѓународните групи за поддршка не можат да си дозволат да чекаат додека ситуацијата не дозволи имплементирање на “Мапата на патот” (Роад Мап) или “Женевските договори” (Генева Аццордс). Треба да им пристапиме на сегашните факти и на најалармантните прашања, како на пример ѕидот на апартхејдот, и да го запреме израелското конфискување на земјиштето, невладеењето на законот и легитимноста на активизмот и критиката.
Основата овде е дека ние, како граѓанско општество, мора да се подготвиме за едно долготрајно залагање и да ја одржуваме борбата жива. Ако не го сториме тоа, не ќе имаме никаква корист од таквата солидарност. Најбитната точка, меѓутоа, е како да се постигне договор во рамките на палестинското општество за тоа каде точно сакаме да стигнеме, односно кои се нашата визија и цели. Со цел да се постигне ова, треба да бидеме искрени и транспарентни, а не само да се криеме зад неостварливите желби и слоганите. Кога велиме “сета вистина е во народот”, треба искрено и да го практикуваме тоа. Не можеме да ја организираме поддршката околу нас кога не сме јасни за она што го сакаме или пак што сакаме да кажеме.
Јас искрено верувам дека секоја порака може да се чуе доколку е логична и рационална. Палестинците треба да го следат искуството од Јужна Африка и другите успешни меѓународни каузи. Ние треба да научиме дека мобилизацијата не е доволна ако не е организирана. Со цел да постигнеме добро координирано, консолидирано и одржливо движење за поддршка, треба да имаме јасни долгорочни цели и визија и да развиеме промислени тактики и стратегии.
Во моментот, нашата позиција е фрагментирана во различни пораки. Наместо да упатиме една јасна и кратка порака за ставање крај на израелската окупација, да ги разоткриеме сите израелски колонизирани тврдини на западниот брег, Газа и Ерусалим како главен град, да основаме суверена, независна и остварлива палестинска држава и да го имплементираме правото за враќање на сите палестински бегалци, некои од нас бараат право на избор наместо право на враќање; други пак сакаат им отстапиме некои од колонизираните тврдини на Израел; и таа листа продолжува. Овие фрагментирани и нејасни пораки нема да се остварат; барем не од палестинското граѓанско општество, бидејќи ние треба да почнеме да преговараме за нашите права пред дури и да започне официјалниот процес на преговори. Оваа практика само служи да ја искриви нашата порака и да ги збуни нашите поддржувачи. Ние треба да ги советуваме нашите меѓународни партнери да го одржуваат и нивниот фокус јасен, а тоа е: имплементација на сите релевантни резолуции на ОН и незастранување од “Мапата на патот” и “Женевските договори”, итн.
Штом нашата порака ќе се кристализира, алатките и средствата за поврзување на меѓународните групи ќе можат да се развијат и ќе им обезбедат на меѓународните групи начин за работа во рамките на нивните заедници. Ако нашата порака, нашата цел, нашата визија останат фрагментирани и поделени какви што се денес, ние не можеме да се надеваме дека ќе постигнеме консензус на мислење од страна на светското тело, ниту пак солидарност со меѓународните групи.
Да се биде демократски, отворен и транспарентен, е првиот и најважен чекор кон стекнување повеќе поддржувачи. Треба отворено да дискутираме и да ги почитуваме меѓусебните мислења. На критиката треба да гледаме како на поттик, а не како закана.
Вториот чекор треба да биде креирање и инсистирање на наш личен вокабулар и терминологија и непаѓање во замката на користење окупаторски речник и фразеологија. Кога ја опишуваме или зборуваме за ситуацијата, мора да користиме наши лични термини како “тврдини” или “колонии”, наместо само “населби” или “атентат” наместо “таргетирано убивање”, “ѕид на апартхејдот” наместо “ограда која не дели”, итн.
Понатаму, Палестинците мораат да остварат блиска соработка во работата со Меѓународните групи за солидарност во териториите, во Израел и во дијаспората за да изгради една долгорочна визија и цел. За разлика од минатото, претставниците на меѓународната заедница - вклучувајќи ги и групите за солидарност и меѓународната донаторска заедница - не треба да бидат оние коишто ќе одлучат дали Палестинците треба да го прават ова или она; или пак дали оваа или онаа акција е допуштена; Палестинците треба самите да донесуваат одлуки, со добар совет однадвор, а потоа кај меѓународните тела да бараат потврда и поддршка.
Во исто време, ние, Палестинците, треба да ги усовршиме нашите алатки за проценка на овој вид поддршка и врз база на тие проценки ќе можеме да изградиме посилни програми и активности. Ако Палестинците можат самите да се организираат и мобилизираат со искрена поддршка од меѓународното движење за солидарност, за една визија и конкретни цели и стратегии, тогаш секако ќе се создаде едно меѓународно барање коешто Израел и неговите поддржувачи нема да можат да го игнорираат.
Рифат Одех Касис 12 јануари 2004
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|