28 февруари – 3 март ДЕТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА МАКЕДОНИЈА: Едукативна школа
Во рамките на активностите на Детскиот парламент на Македонија, од 28 февруари до 3 март оваа година ќе се одржи Едукативна школа за лидери од 1. и од 2. степен. Лидери од прв степен се лицата коишто работат во клубовите, додека од втор степен се тие што работат во Детскиот парламент на Македонија. Едукативната школа ќе се одржи во просториите на Детскиот парламент на Македонија, во Скопје, на улица "Кочо Рацин" бр.14/6-20.
|