Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Број 50 Јуни 2005  Балкан експрес

ИНСТАТ и УНИЦЕФ предупредуваат

Злоупотреба на детскиот труд во Албанија

По повод 12 јуни, Светскиот ден против злоупотреба на дет­ски­от труд, ИНСТА (Институтот за статистика на Албанија) и УНИЦЕФ алармираат за  злоупотреба на детскиот труд во Алба­нија.  Тие потенцираат дека  и донесувањето на новиот За­кон за труд според кој најниската возрасна граница за вработување изнесува 16 години, што би значело и дека децата на возраст од 13 до 18 години би се вработувале на најразлични позиции. Законот исто така предлага посебна заштита за вработените деца. Студијата проценува дека во Албанија работат околу 30 проценти од децата на возраст до 18 години, а бројката е највисока во руралните области каде децата најчесто се занимаваат со земјоделски дејности. Извештајот што го изготви УНИЦЕФ покажува дека зборот “дете” веќе подолго време не е во употреба во голем дел од албанските семејства. Штом детето наврши 14 години (ова особено се однесува на момчињата), самото семејство се обидува да да најде начин да го испрати да работи во странство. Но, исто така и во оваа категорија, децата не се заштитени и се загрозени на најразлични начини, ранливи во многу погледи.
Анализата извршена од страна на Центарот за човекови права на децата од Албанија преку прашалник во кој се бараат причините зошто децата го напуштаат училиштето, покажува дека една четвртина (25%) од децата го напуштаат училиштето за да работат. Според некои проценки, околу 50.000 деца во Албанија на возраст под 18 години, се вработени, или со скратено, или со полно работн време.   www.oneworld.net 
 

Србија и Црна Гора

Стипендии за Ромите во Црна Гора

Фондацијата “Roma Scholarship” е основана во Црна Гора со цел да ја поддржи интеграцијата на ромското население преку обра­зо­вание, во рамките на проектот “Развивање на лидерските потенцијали на Ромите во Црна Гора”, имплементиран од страна на Канцеларијата на ОБСЕ во Подгорица, а финансиски под­др­жан од Амбасадата на Холандија. Целта на Фондацијата е да ја поддржи интеграцијата на ромското население преку процесот на образование, како и со обезбедување пристап до неопходните средства за започнување или продолжување на формално­то, но и неформалното образование, доколку тоа би помогнало во понатамошната интеграција во формалните области. Во моментов, Фондацијата обезбедува стипендии за шест ученици Роми за Филозофското училиште во Никшиќ, катедра за предучи­ли­шно образование, како и за седум студенти од школата за новнарство кои во моментот се вклучени во подготвителната нас­тава организирана од страна на Канцеларијата на ОБСЕ. Предавањата се одржуваат во просториите на фондацијата, која  обезбедува и стипенди за 30 средношколци во Црна Гора. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Фондацијата или пишете им на fsr@cg.yu

 

Косово

Албанско-српски форум за размена на информации

Почнувајќи на 9 јуни,  целокупната јавност, како и луѓето кои се заинтересирани за размена на информации поме­ѓу Србите и Албанците ќе можат тоа да го сторат преку албанско-српскиот форум за размена на информации на www.kosovakosovo.com. Форумот е отворен во соработка со три организации: Медија центар на Агенцијата Бета од Белград, Косовската новинска агенција “KosovaLive” од Приштина и Центарот за демократија и помирување на Југоисточна Европа – ЦДРСЕЕ од Солун.
Овој форум доби поддршка и од Високиот претставник на ЕУ за ЦФСП, Хавиер Солана, како и од д-р Ерхард Бусек, специјален координатор на Пактот за Стабилност за Југо­ис­точна Европа и од шефот на Мисијата на Обединетите на­ции за Косово, Сорен Јесен Петерсен.
Форум е изготвен како платформа за отворање дискусии по главните теми поврзани со Косовското прашање, меѓу кои исто така има и политички прашања. Првата тема за дис­кусија ќе биде прашањето за исчезнатите лица. Сого­вор­ници во овој виртуелен дијалог ќе бидат шефовите на делегациите на работните групи за исчезнати ли­ца од Приштина и Белград, Рагип Зеколи и Вељко Ода­ло­­виќ.
Поширока и долгорочна цел на овој проект е проши­ру­вање и зајакнување на заедничкиот интерес на српските и на албанските медиуми и новинари, како и самите општества пошироко.

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Крај на почетокот
Тоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за Унијата
Што е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука.
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони садници
Над 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други.
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесување
Кодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активност
Граѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир Капија
Специјалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали деца
Во изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола
Еколозите против нанотехнологијата во прехранбената индустрија
Еколошката групација “Пријатели на планетата Земја” (ФОЕ) повика да се воведе мораториум на користењето на нанотехнологијата во прехранбениот синџир, укажувајќи дека недоволно е истражено влијанието врз човековото здравје и природната средина
 

©MCMS - designed by KOMA