|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Хрватска
Финансирање на младински клубови?
Хрватската младинска мрежа (ХММ), заедно со многу други менаџери на младински клубови во земјата, реагираше на неодамна отворениот конкурс за грантови од страна на Министерството за семејство, ветерани и меѓугенерациска солидарност (МСВМС), поставувајќи прашања за критериумите за учество. Поддршката која првенствено била насочена кон зајакнување на капацитетите на младинските клубови, подоцна е пренаменета за поддршка на проекти. Една можна негативна последица од моменталните критериуми е постојаната нестабилност и недостатокот од одржливост на клубовите, а во перспектива, дури и престанок на работата на “помалите” клубови.
На состанокот воден помеѓу претставниците на младинските клубови и асоцијациите од една страна, и Министерството од друга, е донесен заклучок за редефинирање на критериумите за работа на младинските клубови. Најавен е итен состанок на кој ќе се дискутира толкувањето на клучните елементи на конкурсот и ќе се објават критериумите кои ќе се користат за оценување на добиените предлози. Претставниците на младинските клубови и асоцијации велат дека оваа ситуација е дополнителен товар за работата на клубовите. Како и да е, тие истакнуваат дека овој договор ја избегнува можноста за преиспитување на конкурсот, што би го пролонгирало веќе прекинатиот доток на финансии на испразнетите фондови на младинските клубови, во најлош случај до јули оваа година.
Г.Ш.
|
|
|
|
ПОГЛЕДИ: Марина Туневска-Јовановска
Приказните-точка каде што се среќаваат медиумите и граѓанските здруженија Ако здруженијата на граѓани ја сфатат и прифатат својата улога на креатори на јавното мислење со помош на медиумите, тогаш тие се на половина пат до загарантираниот успех. А, за да се придобијат медиумите во остварувањето на таквата намера, потребно е да се научи да се комуницира со “нивниот јазик”. |  |
ИНТЕРВЈУ: Методија Саздовски и Мартин Мартиноски членови на Работната група за позеленување на изборите
“Гласај за природата” - нов импулс во изборните процесиЛокалните избори во земјава беа одбележани и со кампањата „“Гласај за природата” на Работната група за позеленување на изборите. По завршувањето на првиот изборен круг, како го оценувате обидот да ги анимирате кандидатите во трката за локалната власт, но и граѓаните за одговорноста што ја носат и двете страни кон животната средина? |  |
Црвениот крст на општина Чаир во посета на Танушевци
Помошта пристигна заедно со пролеттаНа 40 километри оддалеченост од Скопје, на границата со Косово и надморска височина од 1.600 метри се наоѓа селото Танушевци. Тоа сега брои триесет семејства. Петнаесетина сe уште не се вратени во своите родни огништа, откако се иселиле на Косово по случувањата од воениот конфликт во 2001 година во Македонија. Во далечната 1984 година за прв пат е донесена струја во селото, а патот е направен година пред тоа. И сега кога има големи невремиња селото останува без струја. Веднаш до Танушевци се селата Брест и Малино. Во сите три села живее албанско население. |  |
Милениумски предизвик
Ветувањата на АмерикаПред три години, претседателот на САД, Џорџ В. Буш, ја отвори сметката на Милениумскиот предизвик, со цел да им даде повеќе пари на сиромашните земји кои работат на промовирање развојни политики. Буш рече дека неговата влада ќе донира повеќе милијарди долари во неколку растечки фази сe додека програмата не достигне висина до 5 милијарди долари годишно, почнувајќи од 2006 г. Иако петте милијарди долари се само 0,04 проценти од националниот приход на Америка, Буш го наметна предлогот како “доказ дека тој се грижи за сиромаштијата во Африка и насекаде во светот. “Јас ја носам оваа обврска во душата”, рече претседателот. |  |
|
|