Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Претставување

   

ПРЕТСТАВУВАЊЕ



ОРТ 

Здружение за информации, обука и одржлив развој


Здружението на граѓани за информации, обука и одржлив развој ОРТ е самостојна невладина, независна, непрофитна и неполитичка организација, основана во октомри 1998 г.
Седиштето на организацијата е во Прилеп, а свои канцеларии има уште во Скопје и во Кичево. ОРТ делува на полето на развојот на демократското плуралистичко граѓанско општество и на заштитата на правото на човекот за здрава животна средина.
Основните цели на оваа организација се подобрување на позициите и условите за живеење на луѓето, непрофитните организации и малите претпријатија, во услови на промените во плуралистичкото и демократското општество; овозможување услови за вклучување на маргинализираните групи луѓе во целокупното живеење, особено од социјално-економската гледна точка; и, заштита на животната средина, биолошката разновидност и задравјето на луѓето и промовирање на стратегијата за одржлив развој, агенда 21 на Европа по 2010 година.
ОРТ користи ненасилни методи на работа, согласно демократските принципи за работа, а нејзините задачи се насочени кон размена на информации, советување други НВО, организирање семинари и трибини, истражување, изработување проекти, грижа за интересот на НВО секторот и јавноста, иницирање акции за поттикнување на самовработувањето, сорабоување за хуманитарна и социјална помош итн.
Меѓу позначајните досегашни активности на ОРТ ги издвојуваме:
- првата фаза на проектот за општина Кичево, на тема Примена на еколошкиот систем за управување во одржливата потрошувачка на водите. Ова е партнерска активност со Општината за дизајнирање акциона програма, во која ОРТ учествуваше со јавна кампања на проектот;
- дизајнирање на првата фаза на проект за општина Добрушево, на тема Примена на еколошкиот систем за управува­ње на развојот на мала општина. Проектот се состоеше од креирање стратегија за иден одржлив развој на рурална област;
- проект Железница во борба за животен простор. Кампања за издигнување на свеста на патниците за промена на односот кон железницата и природата, како и семинар за лобирање на вработените на Македонски железници за одржлива потрошувачка и подобра комуникација;
- хуманитарен проект Образованието во ромската младина, партнерско остварување со Организацијата на ромската младина Бела Кула. Проектот се состоеше од едукациска кампања, трибини, билтени, средби, заедничка работа со училиштата за спречување на неписменоста и вклучување на децата Роми во образовниот систем; и др.
ОРТ е мала НВО со две хонорарно ангажирани лица, 10 волонтери и Советодавен одбор од 5 успешни лица во своите професии. Делува на територијата на Република Македонија, а соработува со сите правни и приватни лица чија активност и програма се совпаѓаат со, или ги поддржуваат, активностите на здружението, со цел подобро спроведување на своите програми. Своите активности ОРТ ги финансира од разни донации и спонзори.
Медароски

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 09 Октомври 2001
Број 09 Октомври 2001
Вовед
Настани
Публикации
Календар
Форум
Погледи
Претставување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA