|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
Балкан експрес
Албанија: Дали новиот нацрт-закон значи крај за независните албански Граѓански организации
Наскоро треба да одобри нови процедури за регистрација на граѓански организации во државата. Ова соопштение беше дадено пред неколку дена кога главните службеници и консултанти од Министерството за економија се сретнаа со претставниците од граѓанскиот сектор за да ги презентираат новите измени во законот и да дискутираат за нив. Речиси веднаш по воведувањето на демократијата во Албанија, функционирањето на ГО од таа земја (локални и меѓународни) требаше да се одобри и тие да се регистрираат во судот за прекршоци во кој постои посебен катастар. Од 2001 година па наваму, правото да одобрува и регистрира граѓански организации му е ексклузивно доделено на Судот за прекршоци во Тирана, главниот првостепен суд во Албанија. Меѓутоа, сега, новиот нацрт-закон го овластува Министерството за економија, кое, пак, директно му одговара на премиерот, да дава дозволи за работа и да регистрира граѓански организации. Врз основа на новиот нацрт-закон, сите ГО во Албанија (основани пред или по стапувањето на законот во сила) ќе треба да поднесуваат извештај до Националната власт за регистрација на ГО секоја година, кое потоа ќе го проследи извештајот до Министерството за економија, назначено од премиерот. Исто така, нацрт-законот бара од ГО да обезбедат детали, односно своерачно потпишани имиња и адреси на своите членови. Истиот нацрт-закон се однесува и на регистрација на фирми во Албанија.
Соочени со овие промени во законот, многу ГО во Албанија се прашуваат дали овој чекор претставува обид на Владата на Албанија да ги контролира активностите и членовите на ГО во земјата. Во текот на последните денови, имаше зголемана комуникација помеѓу најголемите организации во земјата, а неделава се очекува да се одржи и голема средба на граѓанскиот сектор.
Средбата ќе треба да го обезбеди конечниот одговор на нацрт-законот, како и чекорите што ќе следат доколку законот се одобри во сегашната форма. Навистина, останува да се запрашаме дали доколку овој нацрт-закон стане закон, истиот ќе претставува и крај на независноста на ГО во Алабанија.
БИХ: Улогата на општината во подобрениот животен стандард на граѓаните
Со цел да придонесе во зајакнувањето на капацитетите на јавната администрација за разрешување на приоритетните проблеми на сите граѓани на Босна и Херцеговина, Агенцијата за локални развојни иницијативи (АЛДИ) го издаде својот извештај под наслов „Подобрување на животниот стандард во БиХ: Колку е важна ефикасната организација на општините?”
Извештајот беше изготвен под покровителство на „Новата улога на ГО во подготовката и изработката на јавните политики”, а спроведен со финансиска поддршка од Европската комисија. Тој го презентира предлогот за подобрен животен стандард на граѓаните на Босна и Херцеговина преку основање ефикасна локална администрација која би работела на брза и ефикасна имплементација на владините политики за економски и социјален развој. Во извештајот особено внимание се посветува на масовната иницијатова на граѓанското општество започната од страна на движењето ГРОЗД, што резултира со консензус меѓу граѓаните за приоритетните социо-економски потези на владата на сите нивоа. Препораките кои се наведени во извештајот вклучуваат и видување на можниот придонес од страна на локалната администрација во поглед на остварување на целите на ГРОЗД. Комплетниот текст на студијата, вклучително и препораките, може да се најде на www.aldi.ba, како пдф-документ.
Алманах на Балканската мрежа за човекови права 2006 Влезот во ЕУ и човековите права
Аламанхот на Балканската мрежа за човекови права е збирка есеи напишани од истакнати регионални експерти кои даваат придонес со својата анализа и мислења на дадената тема. Темата „Влезот во ЕУ и човековите права – последици, тенденции и улогата на граѓанското општество” станува с$ поважна со наближувањето на датумот за прием на Романија и Бугарија во Унијата. Темите од претходните изданија на Алманахот на Балканската мрежа за човекови права се: (Не)еднакви партнери - политичка условеност во односите со балканските земји (2001); Полицијата и човековите права (2002); Човековите права и образованието на Балканот (2003); Малцински права (2004); Соочување со минатото, последици за иднината (2005). За повеќе информации и за целосниот текст на Алманахот, посетете ја страницата: www.balkan-rights.net/bhrn/content/view/178/45.
|
|
|
|
Крај на почетокотТоа што треба да го изнесам во овој простор, не е вообичаениот став , туку коментар за последниот број на „Граѓански свет” во оваа форма.
|  |
Кампањата “Учиме за ЕУ”
Прашањето за уставното име на Македонија го засени интересот за УнијатаШто е Европска Унија? Кои се земјите членки на ЕУ? Која е целта на проширувањето на ЕУ? Кои се симболите и химната на ЕУ? Зошто е создадена Европската Унија? Ова се некои од прашањата кои им се поставуваат на основците и средношколците од 102 училишта во земјава, како дел од кампањата “Учиме за ЕУ”, којашто ја реализираат Секретаријатот за европски прашања во Владата и Министерството за образование и наука. |  |
Реализирана најголемата еколошка акција кај нас
Македонија засади над два милиони саднициНад 2 милиони садници засадени во еден ден е апсолутниот рекорд кој го постигнаа граѓаните на Македонија на 12 март, Денот на дрвото. Во граѓанската акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” учествува околу 200.000 граѓани, вклучувајќи ги и децата од градинките, учениците, студентите и дипломатите. Граѓанската акција за пошумување на Македонија од самиот почеток ја иницира еден од нашите најпознати уметници, оперскиот пејач Борис Трајанов, а вклучени беа и близу 170 познати имиња од јавниот живот, меѓу кои и Калиопи, Каролина Гочева, Индира Кастратовиќ, Бубо Каров и други. |  |
Катерина Хаџи-Мицева
Кодекси на добро однесувањеКодексот на добро однесување се дефинира[1] како доброволен договор помеѓу неколку организации со заеднички интерес, за одредени принципи или стандарди на однесување, коишто даваат насоки, или пак се обврзувачки за организациите, развиен преку заедничко учество и соработка во донесувањето. Бидејќи кодексот е механизам кој се донесува доброволно и е вид на саморегулирање, начинот на неговото спроведување мора однапред да биде одреден и механизмите треба да бидат вградени во кодексот |  |
Граѓанска организација Англунипе - Тетово
Факултативната настава на ромски јазик - препознатлива активностГраѓанската организација „Англунипе” од Тетово дејствува во областа на развојот на образованието на ромската популација и на човековите и материјалните ресурси на Ромите во земјава. Се залага за вклучување на Ромите во институциите на системот, за надминување на проблемите на заедницата на локално и на национално ниво. Освен програми за образование, спроведува и програми за развој на економските ресурси и за унапредување на правата на децата Роми и на жената Ромка |  |
Донација
Нов парк од Космофон за штитениците на заводот во Демир КапијаСпецијалниот завод за лицата со посебни потреби во Демир Капија доби нов спортско-рекреативен парк, донација од компанијата Космофон. Паркот е изграден во дворот на заводот на површина од 280 метри квадратни. Неговите штитеници ќе можат да се рекреираат на игралишта за ракомет и мал фудбал, во посебниот дел со нишалки, патеки од павер-елементи и фонтана, а целата околина е засадена со зеленило |  |
Проект на Биосфера од Битола
Уреден дворот на Домот за доенчиња и мали децаВо изминатите седум месеци Центарот за едукација и заштита на животната средина и природата Биосфера од Битола работи на проектот “Со љубов за нашите деца”, чија цел е прибирање средства од локални извори за просторно уредување на дворот на Домот за доенчиња и мали деца во Битола |  |
|
|