20 јуни Здружение на новинарите на македонија: Градење доверба во медиумска заедница во Македонија
Врамките на Програмата за професионална поддршка на медиумите во Македонија на 20 јуни 2002 година, во Скопје, ќе се одржи последната од вкупно четирите тркалезни маси кои имаа за цел да ја подобрат имплементацијата на Кодексот на новинарите и да влијаат врз подобрувањето на професионалните и етичките стандарди на медиумите во Македонија. На тркалезната маса ќе учествуваат новинари но, и уредници и сопственици на медиуми во Македонија. Програмата е поддржана од Европската унија преку Европската агенција за реконструкција.
|