ЕАР И ФИООМ
Нови центри за поддршка на НВО
Во рамките на проектот за зајакнување на невладините организации, што се спроведува од страна на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, ќе бидат отворени 8 нови центри за поддршка на НВО, во социјално и економски неразвиените области во Македонија.
Проектот го финансираат Европската агенција за реконструкција - ЕАР и ФИООМ, а ќе трае до мај 2005 година.
Целите на овој проект се поддршка и развој на капацитетите на граѓанските здруженија, подобрување на нивната соработка со локалните власти, да се признае улогата на граѓанските здруженија како монитори на квалитетот на управувањето и доставувањето на јавните улоги, да се поддржи развојот на нивните вештини (особено за лобирање и посредување) и да се охрабрат за преземање различни активности кои имаат за цел постигнуцање одржлив развој, како и создавање на НВО мрежи.
Осумте центри, на граѓанските здруженија ќе им стават на располагање инфраструктура и опрема и ќе им обезбедуваат логичка поддршка во спроведувањето на активностите.
М.И.
|