ТРАДИЦИОНАЛНА НЕДЕЛА НА “CHRISTIAN” AID ВО БРИТАНИЈА
Собирање помош „од врата на врата“
Од 11 до 17 мај годинава, беше одбележана Неделата на “Christan Aid”. Традиционалната недела за собирање парична помош во Британија, по принципот „од врата на врата“, започна во 1957 година и им помогна на луѓето од Авганистан, Ангола, Судан, Сиера Леоне и други држави, без разлика на расата, религијата, културата или потеклото. Оваа година настаните вклучија потрага по локални херои низ Британија и низ Ирска, со цел лицата кои инспирираат и мотивираат да ја поттикнат борбата против неправдата и сиромаштијата во светот.
Во акцијата учествуваше познатиот актер, Кваме Квеи - Арма, ѕвезда на “Casualts and Celebrits Fame Academs", кој ги предизвикува луѓето од Британија и од Ирска да помогнат во менувањето на светот, кој упати порака:„Секако, не е возможно да се разбудите едно утро и да си помислите Јас ќе го сменам светот, но она што може да си го речете е Јас ќе го сторам мојот дел и ако го сторам најдоброто што можам, луѓето ќе го следат мојот пример. Јас мислам дека сите ние можеме да ги промениме нештата.“
Г.Ш.
|