ДАНОЧНИ ПОТТИКНУВАЊА
Кои се оправдувањата за воведувањето на даночните поттикнувања?
И досега, прашањето на даночните поттикнувања беше актуелна тема во “Граѓански свет”. Во овој број на нашиот редовен соработник, г. Славко Лазовски од Министерство за финансии на Република Македонија, му го поставивме прашањето - кои се оправдувањата за воведувањето на даночните поттикнувања, барајќи од него теоретско толкување на ова важно прашање за граѓанското движење.
Еве го неговиот одговор: “Доделувањето на даночните ослободувања и олеснувања на граѓанските организации има силни теориски оправдувања. Нив секогаш треба да ги имаме на ум, како добар одговор на прашањето зошто треба да се направи ова и како школски пример како со сосема мали загуби на даночните приходи се постигнуваат огромни резултати во севкупниот развој. Теоријата на субвенција на капиталот постоењето на даночни поттикнувања ја оправдува со потребата од надоместување на она што го прават граѓанските организации како обезбедување подобрен квалитет на услугите. Правичноста налага, заради тоа што ,,добивачот на подобар квалитет” има обврска да возврати, можеме да ја илустрираме со добивањето на владиниот и на бизнис-секторот на високо стручни лица од невладиниот сектор. Приликите во РМ се како создадени за илустрирање на ова теориско оправдување: млади луѓе стануваат стручњаци во меѓународните и во домашните граѓански организации (јазици, компјутери, начин на работење и однесување др.), па, фирмите и владата добиваат готови кадри и затоа треба да возвратат. Владата треба да го направи тоа со даночните ослободувања и олеснувања. Теоријата за донации ја упатува владата да ги следи и да се однесува исто онака како што се однесуваат нејзините граѓани во поддршката на одредени граѓански организации, кои најдобро ја почуствувале користа од нивното делување. Ако некоја граѓанска организација привлече внимание од граѓаните, тоа е сигнал не само дека владата на таа граѓанска организација треба да & додели даночни поттикнувања, туку треба да & додели и буџетска поддршка. Почитувајќи ги определбите на граѓаните при определувањето на буџетската подршка, практично, се постигнува уште една многу значајна работа, на граѓаните им се овозможува да одлучуваат за трошењето на парите од буџетот, на сопствените пари. Принципот на недистрибуција го спречува конфликтот на интереси и ја спречува дистрибуцијата на доходот кон лица и цели надвор од програмските ориентации на граѓанските организации. Токму, заради оваа недистрибуција, овој сектор ја заслужува поддршката од владата. Теоријата на мерење на доходот фактички значи признавање на неперфектноста во мерењето на доходот, а се сведува на одземањето на мал дел од оние кои имаат доход и тоа мало делче им се дава на оние коишто на располагање имаат мал доход, а имаат големи цели. Сето ова се оправдува од непрецизноста во мерење на доходот, па се поставува прашањето дали е коректно и правично некој да располага со голем доход, а сето тоа да е несигурно измерено. Ако е така, тогаш е најдобро мал дел, ама сосема мал, од тој доход да се употреби за поддршка на општоприфатливите цели.”
|