Q&A
НВО И ДАНОКОТ НА ДОБИВКА - СЕГАшНИ И МОЖНИ ИДНИ РЕшЕНИЈА
Дали добивката на здруженијата на граѓани треба да се оданочува на начин како што тоа се прави сега, или треба да се наоѓаат поповолни решенија - ја запрашавме г-ѓа Душица Костовска-Јаковчевска од Секторот за даночна политика и администрација во Министерството за финансии на Република Македонија. Еве го нејзиниот одговор:
„Оданочувањето на добивката на НВО не е можно, а и не треба, да се разгледува само од аспект на домашната регулатива, туку е потребно да се проучи и иновативната пракса на другите земји, чии решенија даваат гаранција за прогрес во овој дел.
Сегашно решение - Основна карактеристика на даночниот третман на добивката кај НВО во РМ е нејзиното оданочување кое не се разликува од оданочувањето на останатите правни лица. Сепак, и покрај општиот неповолен даночен третман, заради целосната претстава и потребата за отворање на процесот на подобрување, треба да се наведат одредени даночни бенефиции, коишто се од значење за НВО:
1. Во Законот за данокот на добивка („Сл. весник на РМ“, бр 80/93, 33/95, 43/95, 71/96, 5/97, 28/98, 11/2001, 2/2002 и 44/2002) се изземаат од оданочување (преку усогласување на приходите) прибираните средства, коишто се со наменски карактер и коишто во истата висина во која се остваруваат се распоредуваат за одредена намена (спонзорства, донации и друга помош, членарини и други средства коишто не се наменети за вршење на дејноста и чија единствена функција е само прибирање и распоредување за одредената намена). Услов за користење на ова даночно олеснување е одобрените средства да се користат според донесена одлука, финансиски план и програма за начинот, постапките и роковите на нивното користење. Исто така, неопходно е да се презентираат соодветни докази за користење строго наменските средства.
2. На давателите на донациите и спонзорствата за научни, хуманитарни, културни, образовни, здравствени, религиозни и спортски цели, освен издатоците за професионален спорт, трошоците направени по овие основи имаат третман на признат расход во висина до 3% од вкупниот приход, под услов да се исплатени во корист на јавни установи коишто се финансираат од буџетот или на Црвениот крст на Република Македонија.
Идни решенија - Проф. д-р В. Пендовска со право ќе забележи: „причината за несоодветниот даночен третман на непрофитните организации (НПО) би можело да биде тоа што даночната реформа на полето на оданочувањето на доходот/добивката беше завршена пет години пред стапување во сила на ЗЗГФ. Непостоењето јасен законодавен профил на НПО во сите релевантни аспекти му оневозможи на законодавецот да пропише фискални поттикнувања со даночните закони доволно детално и конзистентно.“ (,„Билтен“ на МФ, бр.12/200, стр.45)
Прегледот на даночните закони што имаат влијание врз невладините организации во Централна и Источна Европа (издание на МЦМС, 2002) ни овозможува да ги согледаме нивните решенија и да се определиме за оние кои би можеле да ги вградиме во нашето законодавство.
а) Идни решенија за оданочувањето на добивката од стопанските активности на НВО
Оданочувањето на приходот од вршењето на стопанските активности на НВО е актуелно, без разлика на практичната забрана во Законот за здруженија на граѓани и на фондации. Како најдобар предлог би било решението да се ослободува од плаќање данок добивката во износ до 10.000 евра кои не се во врска со остварувањето на статутарните цели на НВО, остварена од вршењето на стопанските активности. Приходите добиени од вршењето на статутарните цели на НВО кои се употребуваат за остварување на истите цели не влегуваат во овој цензус, тие се ослободени од данокот на добивка. Според наведеното, се ослободуваат од данок на добивка сите стопански активности кои се поврзани со остварувањето на статутарните цели на НВО, на пример, се ослободува приходот остварен од продажбата на „бели стапови“ кај НВО која во својот статут има запишано дека остварува грижа за слепите. НВО Ќе биде ослободена и за приходот до 10.000 евра, којшто Ќе го оствари од вршење стопански активности кои немаат никаква поврзаност со статутарните цели, но доколку износот на добивката го надминува износот од 10.000 евра, тогаш тој износ над 10.000 евра се оданочува до данок на добивка.
б) Идни решенија за даночните олеснувања на донаторите за донации кон НВО
Скоро сите земји имаат воведено една административна обврска: Известување за дадените донации (се практикува месечно известување или известување на подолги периоди, со испуштање на оние периоди во кои правни лица немаат дадени донации). Најчесто, донациите дадени на НВО и на јавни установи од областа на здравството, образованието, културата, социјалните грижи, науката и спортот се ослободени од данок на добивка. НВО ги извршуваат оние работи кои во нивно отсуство истите работи треба да ги направи државата. Ако, пак, се оданочуваат донациите, тоа значи дека државата Ќе собере средства само во соодветен износ на зафаќање на даночната стапка и само во тој износ може да ги финансира овие потреби. Доколку донациите не се оданочуваат, тогаш за финансирање на овие потреби Ќе биде наменет целокупниот износ на донацијата.“
|