Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Публикации

   

НАСТАНИ

ПУБЛИКАЦИИ 
 

СОЈУЗ НА ГЛУВИ И НАГЛУВИ
Речник на знаковни поими на албански јазик

Сојузот на глувите и наглувите на Македонија го издаде речникот на знаковни поими на албански јазик, во соработка со издавачката куќа АЛБ–АСС од Тетово. Ова издание е превод од претходно издадениот речник на знаковни поими на македонски јазик и е посебно значаен за децата и сите други граѓани од албанска националност кои имаат оштетување на слухот. Издавањето е финансирано од Институтит за трајни заедници од САД.

 

СЕИЗМО

Едно училиште – еден споменик 

Здружението за валоризација, популаризација о педагогија на културното наследство СЕИЗМО од Скопје, со поддршка на Советот на Европа издаде две книги посветени на проектот „Едно училиште – еден споменик”. Во едната, авторот Панче Велков го претставува овој проект кој се одвива во неколку држави во Европа, а во втората, истиот автор со коавторство на Маја Рауник Кирков, Венета Иљовска и Аљоша Шопар, го претставуваат елаборатот на проектот и образовната програма за обработка на спомениците.


АОК

„Иновативност, претприемништво и водство”...


 Асоцијацијата на отворени комуникации од Битола, ја издаде брошурата „Иновативност, претприемништво и водство”, од авторите Константин Петковски и Нуртен Сулејмани. Даден е кус преглед на овие три вештини, како и нивните дефиниции ид страна на странски автори. Оваа брошура финансиски ја поддржа МЦМС.

... И „Конфликти”

 АОК ја издаде и брошурата „Конфликти” од авторите Мирослав Стојанов и Драган Груевски. На интересен начин се претставени причините за настанување на конфликтите, начините за нивно разрешување, преговарањето, посредувањето и арбитрирањето. И издавањето на оваа брошура е финансиски помогнато од МЦМС.

 

КИРИЛ ЈОНОВСКИ
Преспа
Со финансиска помош од Министерството за култура реализирана е една дамнешна граѓанска иницијатива – издавање на книга за Преспа. Авторот, Кирил Ј. Јоновски, вљубеник во ссвојот крај, го претставува регионот на Преспа со сите вредности од културен, стопански и природен аспект, меѓу кои доминира езерото и неговата околина.

 

ИКОН
Сува игла и Монотипија
Асоцијацијата за култура ИКОН оздаде две брошури – „Сува игла” и „Монотипија”, со поддршка од Институтот Отворено општество Македонија, Фондацијата Про-Хелвеција, УНХЦР и Амбасадата на Кралството Холандија. Во овие две публикации се претставени уметничките работилници на кои млади уметници создаваа дела со овие специфични техники.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ
ЦД за озонот
Канцеларијата за озон во Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Еко-прес центарот, го издаде компакт-дискот „Озон”. На него се претставени податоци за озонската обвивка околу нашата планета, нејзиното значење за животот на Земјата, како и за оштетувањата, озонските дупки и мерките кои се превземаат за заштитата на озонот кај нас и на светско ниво.

 

НОВИНАРСКА ИНИЦИЈАТИВА

Веб-страница за македонската криза
Група на независни новинари од Македонија ја подготвува веб-страницата „Вистината за Македонија”, на англиски јазик, во која фокусот е ставен на кризата во која се наоѓа нашата држава. Но, на оваа веб-страница можат да се најдат и други податоци и фотографии за Македонија. Адрестата е: http://crisis.vmacedonia.com

ЈУНОНА И ВЕРТИКАЛА

Дојди во Македонија и срцето ќе ти остане тука

Здружението „Јунона – младешка женска сила” и микро-претпријатието „Вертикала” ја подготвуваат веб-страницата „Дојди во Македонија и срцето ќе ти остане тука” . Оваа страница е посветена на културниот туризам во Македонија и дава податоци за градовите и регионите и за културните и историските споменици во нашата држава. Адресата на страницата е: www.culture.org.mk или www.tourism.org.mk


 

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 05 Јуни 2001
Број 05 Јуни 2001
Вовед
Настани
Публикации
Календар
Форум
Погледи
Представување
Донатори
Избор
 

©MCMS - designed by KOMA