ТУРЦИЈА
Дозволен влез за грчките Кипрани
Турција за првпат во историјата дозволи грчките Кипрани да влезат во нејзините простори. Ова, како што изјави премиерот на Турција, Реџен Таип Ердоган, е гест на добра волја кон владата на грчкиот Кипар, која инаку Турција не ја признава.
Грците од Кипар ќе можат да ја посетат Турција првпат по 40 години. Досега во Турција можеа да влезат само оние Грци од Кипар кои посетуваа меѓународни собири и настани.
М.И.
|