ИНТЕРВЈУ: СЛАВИЦА ИНЏЕВСКА, ФОНДАЦИЈА ИНСТИТУТ ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО МАКЕДОНИЈА
Власта мора да го остави слободен просторот на јавното
Бројката од 4.000 НВО е навистина импозантна и јас ја гледам како позитвно нешто - тоа значи дека е освоен некаков јавен простор. За мене таа е одраз на суштествената граѓанска потреба да се биде организиран и да се артикулираат некои потреби кои не се артикулирани од системот. Секоја власт треба да развие кај себе свест и доблест да го остави тој простор на јавното што послободен. Така би можеле со заеднички заложби да дојдеме до момент на одговирности и задачи.
------------------------------------------------------------------------------
Марјана Иванова
Г-ѓа Славица Инџевска, заменичка на извршниот директор на ФИООМ за здружени програми, е една од најкомпетентните личности со кои може да се разговара за растењето и развивањето на граѓанското општество во Македонија. Таа во Инситутот Отворено општество Македонија се наоѓа од неговото основање, во 1992 година, и во текот на изминатата деценија работи на различни области - почнува како административен асистент, па се "качува" на местото асистент на програма, па потоа станува координатор на некои програмски области. Долго време беше координатор на програмата Исток-Исток, работеше исто така во областа на издаваштвото, во програмата за Ромите, женската програма, програмата за култура и уметност...
Меѓу ангажманите кои и’ се најдраги, нагласува неколку проекти, меѓу кои оној за поддршка на правата на децата што се спроведуваше во скопската населба Шуто Оризари, од страна на здружението "Надеж". Учествуваше во конституирањето на Центарот за родови истражувања кој е сега дел од ЕвроБалкан, како и други иницијативи во рамките на програмата за жени: серијата на документарци "Јас како другата", Фондот за дијалог и разбирање за време на косовската криза. Посебно & е драга, вели, работата на институционалниот развој на невладините организации и јакнењето на граѓанското општество. Вклучена е во повеќе регионални иницијативи и меѓународни форуми кои бараат додатен ангажман - но сепак, секогаш е отворена за средби со медиумите, како и овојпат, со "Граѓански свет".
Г.С. - Според Вашето долгогодишно искуство на работа во невладиниот сектор, како би ја процениле неговата положба денес, во споредба со почетоците и клучните моменти на развојот? С.И. - Јас сум веројатно една од ретките кои невладиниот сектор во Македонија го гледаат низ очила на развојот. Тоа, сепак, не значи дека немам критички ставови. Но, мислам дека е важно да се истакнат досегашните резултати, со аргументи да се посочи и докаже што невладините организации успеаја да постигнат и да придонесат во општеството. НВО-и во Македонија многу малку имаа време да се занимаваат со својот развој. Бројката од 4.000 НВО е навистина импозантна, и јас ја гледам како позитивно нешто - тоа значи дека е освоен некаков јавен простор. Во процесот на трансформација на македонскиот држава, за жал и после десет години, главно политичките партии се оние коишто ја дефинираат агендата И „ окупираат јавноста. Отаму, сметам дека бројката на НВО кои работат во државата, не е толку страшна. Некои ја критикуваат оваа бројка, но за мене таа е одраз на суштествената граѓанска потреба да се биде организиран и да се артикулираат некои потреби кои не се артикулирани од системот, а се иманентна потреба на граѓаните. Невладиниот сектор отвори многу прашања кои не беа отворени во претходниот систем, како на пример критика на третманот на женското прашање, разните религиозни потреби, проблемот на ромските и на човековите права воопшто, малцинските права. Очекувам во блиска иднина да се јават потреби од организирање на хомосексуалците и други субкултурни или маргинализирани групи. Мислам дека НВО секторот во овој период успеа и да развие извесен институционален капацитет кој според мене е еден од елемнтите кој бара натамошно внимание и ангажман. НВО сецтор разви вештини и капацитети кои за жал, се# уште не се присутни или се помалку развиени во системот на власта. НВО секторот научи да соработува, да разменува мислења, да биде толерантен, и што е најважно, ја сфати "моќта на учеството" во дефинирањето на една идеја, акција. Мислам дека на тој начин НВО секторот придонесува во процесот на демистификацијата и редефинирањето на позициите од каде доаѓа вистината. Научи дека може да има различни вистини и дека со разговор и размена на аргументи, со почитување на разликите, работите можат да се придвижат. Во деведесетите, НВО одиграа огромна улога, со конкретни резултати како на пример Младинскиот совет на Македонија и други асоцијацијации ја биеја битката за признавањето на Македонија под нејзиното уставно име...
Г.С. - Кои се предизвиците за иднината на невладиниот сектор? С.И. - Па, предизвици за понатаму има многу. Просторот кој го имаме сега не овозможува да се осврнеме на сите од нив, како што не може да се опфати с# и кога се зборува за развојот и постигнувањата на НВО секторот досега. Еден од предизвиците секако е натамошното усоглесено и евентуално координирано делување на невладините организации. Посебен предизвик треба да биде и имиџот на секторот. Одговорноста за имиџот во јавноста е мошне важно нешто. Во последно време има обиди имиџот на секторот да се извалка и од неколку адреси доа”аат пораки дека некакви невладини организации се мешаат во работите кои не се нивна работа, дека се во служба на мрачните сили и слично. Во јавноста е присутно сфаќање на секторот како сервис на државата. Тоа е можеби една од опциите, но не единствената и секако е еден од предизвиците за НВО. Невладиниот сектор во Македонија во моментов преминува е во фаза кога ќе терба сериозно да работи на планот како да стане активен учесник во процесите на креирање на јавното мислење и официјаланите политики.
Г.С. - Како би ја процениле улогата на НВО-и во кризните ситуации во кои се наоѓаше Македонија? С.И. - Сите интензивни промени во последните години не доведуваат, меѓу другото, во ситуација брзо да забораваме. НВО има одговорност поради тоа што недоволно добро да ја документира својата работа. Според мене ова исто е еден од предизвиците. Косовската и македонската криза - тие две ситуации беа различни по својата природа но имаат едно заедничко нешто, од аспект на позицијата и улогата на НВО - покажаа дека невладиниот сектор може брзо да реагира. НВО секторот треба да ја зголеми свеста за оваа своја карактеристика како предност. Во косовската криза се јавија многу албански НВО и втора рунда на ромски НВО. Тие и останатите тогаш имаа капацитет да бидат сервис на големите странски организации. Минатогодишната, македонската криза, ме”у другото, доведе до тоа албанските НВО да ги снема од јавната сцена. Други пак настапија со радикални ставови., Од друга страна пак, голем број на НВО превзедоа иницијативи за апели за мир и смирување на состојбите, поттикнување за решенија за кризата. Платформата за граѓанска акција "ДОСТА Е" е еден од резултатите на тој ангажман, како и мировната кампања на ЦИВИЛ, постојаната работа на некои НВО кои имаат поголеми хуманитарни активности и многу други.
Г.С. - Се почести се обвинувањата на адреса невладиниот сектор. Како што рековте, тој треба да поработи на својот имиџ. Како ги проценувате обвинувањата и критиките кои во последно време се упатуваат кон секторот? С.И. – Да, за жал. Уште една, многу страшна порака доаѓа - дека во секторот има многу пари, дека државата нема контрола над тоа и дека треба да се стави под контрола. Ваквите ставови се погубни за демократијата и за натамошниот развој на практиките и процесите на демократизација на државата. Истовремено, многу декларативно, веројатно под притисок на меѓународната јавност, се укажува на потребата од учество на НВО во креирањето на политиката на власта. Но, тука не гледам некоја голема промена , но е исто така еден од предизвиците за НВО. Наместо да се окуражува, поттикнува И овозможува, секторот да се отпочне со процеси на саморегулација, како да се прави се што е можно И достапно секторот да се разединување, раситнување, искорумпира, исполитизира И по можност да се замолчи. Има држави каде политичките партии, па дури и владите, формираат здруженија и фондации, на транспарентен начин и како составен дел на милјето на демократијата. Во Македонија исто имаме такви процеси, но кои не се транспарентни и кои можат да имаат погубно влијание врз развојот и имиџот на НВО секторот, стеснување на јавноста И забавување на развојот на демократијата И гра”анството во Македонија. Мислам дека секоја власт треба да развие кај себе свест и доблест да го остави просторот на јавноста што послободен. Така би можеле со заеднички заложби во догледно време да дојдеме до момент на природно превземање на некои одговорности и задачи поме”у власта и цивилото општество. Сметам дека во НВО-и полека се развиваат такви капацитети, посебно кај организациите кои се занимаваат со социјалните прашања. Ако погледнеме кои се одговорноти ги има превземено власта за реформите во социјалата, здравството, образованието, децентрализацијата, мислам дека е прехррабо да се мисли дека сите тие задачИ власта ке може сама квалитетно да ги заврШи. НВО секторот ке може во одредени моменти да биде место за ангажман на многу стручен кадар кој ке биде надвор од институциите на системот. Во Македонија, навистина, свеста за волонтерството и свеста дека треба да се придонесе за заедницата е некако подзаборавено. И ова е предизвик за НВО. Но, и таа состојба е поврзана со стандардот и со економското ниво, иако мислам дека таа свест може пак да се развие. Овие простори со векови функционирале врз добрососедството, врз ортаклукот кој сега го нарекуваме партнерство. Треба тие заборавени доблести да заживеат. Во НВО секторот декларативно, на пример во рамките на еден семинар или конференција, нема дилема за тоа, но штом се излезе надвор, се упа”а во во простор кој го зафаќаат И управувват политичките партии. Па оттаму или се молчи или се бидува инструментализиран од некоја од понудените опции на некоја од политичките партии.
Г.С. - Каква стратегија зацрта Фондацијата Институт Отворено општество Македонија за да му помогне на НВО секторот да одговори и да се избори со сите овие предизвици кои го спомнавте, како и другите кои не ги спомнавме? С.И. - Во стратегијата на ФИООМ клучен збор е интеграцијата - интеграцијата во Македонија и интеграцијата на Македонија во Европа, при што натамошното развивање на граѓанското општество и на правната држава се основните приоритети. Оттаму и нашето присусуво со прогласи, кампањи, програми за грантови за НВО, истражувања на јавното мислење. Како и иницијативи за регулирање на правната и фискалната рамка за делување на НВО секторот како продолжување и надополнување на досегашните напори на МЦМС, Меѓаши и други... ФИООМ е дел и од Коалицијата Македонија без корупција, која е формирана неодамна и која треба да биде точка од кадешто ќе се превземаат анти-корупциски иницијативи.
|