Latest edition Contact Order by e-mail
Editorial
Events
Civil society
Education
Culture
Women
Environment
Calendar
Cover story
Reportage
Interview
Research
Views
Presentation
Publications
History of the civil society
People
Mobilization of resources
Arhive
Home
NGO Fair
2005
Events
Photo Galleries
Arhiva
Archive
Perspectives
Organizational CV
Register of Civil Organizations in Macedonia
Contact






ONLINE VERSION
PRINT VERSION

  Q&A

   

ДАЛИ НЕПРОФИТНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ИМААТ ДАНОЧНИТЕ ОСЛОБОДУВАЊА СПОРЕД ЗАКОНОТ ЗА ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД?

Рестриктивна даночна политика кон НВО Кој вид на доход на непрофотните организации е подложен на оданочување - е прашање кое многу често го поставуваат невладините организации, раководени од своите напори да остварат одржливост на своите активности и релативна финансиска независност. На ова прашање побаравме одговор од Душанка Илиева, раководител на Секторот за даноци и даночна политика во Министерството за финансии:
“Непрофитните организации кои во Република Македонија се регистираат и делуваат според одредбите на Законот за здруженија на граѓаните и фондации имаат статус на правни лица и како такви директно не се опфатени со Законот за персоналниот данок на доход, преку кој се оданочува доходот на граѓаните (физички лица).
Меѓутоа, активностите на граѓаните поврзани со непрофитните организации, преку кои тие ги остваруват своите образовни, културни, општествени, физички и духовни потреби, се предмет на даночен третман со овој закон.
Така, според Законот за персоналниот данок на доход како оданочив доход остварен во текот на една календарска година се смета збирот на сите видови на приходи остварени по разни основи и од најразлични извори. Тоа подразбира дека сите активности на физичките лица (граѓаните) што резултираат со остварување на некакви приходи се предмет на оданочување, освен оние кои со Законот или  со друг пропис  се ослободени.
Во членот 6 од Законот за персоналниот данок на доход децидно се наведени приходите кои не се оданочуваат, а со посебни одредби утврдени се и други даночни олеснувања и ослободувања.
Меѓу позначајните ослободувања поврзани со активностите на невладините организации се следните: стипендиите и кредитите на ученици и студенти  добиени преку фондации основани со закон; платите, пензиите и надоместокот за инвалидност на инвалидните лица; социјалните додатоци за деца, утврдени со закон, помошти за социјална заштита и сл.
Иако активностите на невладиниот сектор се на извесен начин дополнување на функциите на државата во многу области, во Законот за персоналниот данок на доход с$ уште нема некои поголеми ослободувања или олеснувања кои директно би ги стимулирале активностите на непрофитните одганизации.
Така, во Законот за персоналниот данок на доход не постојат одреби за ослободување од оданочување на доходот кој физичките лица ќе го наменат во вид на донација за некоја непрофитна организација. Имено, во многу земји донациите на физички лица кон овие организации до определен износ се третираат како приход што не подлежи на оданочување. Кај нас такво решение е утврдено само во Законот за данокот на добивка каде донацијата на правните субјекти до 3%  од вкупниот приход  не се оданочува со данок на добивка.
Многу популарно е решението во Унгарското законодавство каде донаторот има право со изјава до даночниот орган, данокот што треба да го плати на државата (во висина од 1%) го наменува за конкретна непрофитна организација која сака финансиски да ја поддржи. На тој начин, директно, преку сопствен избор на организација, ги промовира и развива кутурата, уметноста, спортот, социјалата, здравствството, религијата или некоја друга  областа што сам ќе ја определи.
Една од честите забелешики на Законот за персоналниот данок на доход е дека не ги стимулира  активностите на членовите - волонтери во непрофитните организации. Ова произлегува од фатот што според одредбите на Законот од оданочување е ослободен надоместокот  за патни и дневни трошоци само за лицата што имаат стаус на вработените лица кај исплатувачот. На тој начин во непрофитните организации дел од приходите наменети за активности на организацијата се трошат за подмирување на даночните обврски на патни и дневни трошоци за членовите волонтери.
Исто така, не е ослободено од данок на доход доделувањето на разни јубилејни награди, награди за определени постигнати резулати (во натпревари, наразни  спортски културни, научни манифестации од локален карактер и слично). Имено, со Законот се ослободени само наградите за животни достигнувања во науката, културата и спортот и наградите на спортистите постигнати на официјални меѓународни натпревари.
Рестриктивноста на ваквите решенија се должи на постојаната растечка потреба од буџетски средства каде даночните приходи ја имааат примарната функција, како и на отсуството на регулатива со точното детерминирање на организации од јавна корист и  од взаемна корист, што ќе овозможи да се развијат и дополнитени даночни решенија со кои ќе се стимулираат  активностие на непрофитните организации.”

Линкови
Граѓански организации и фондации
Медиуми
Институции
Регион и свет
Странски организации и претставништва во РМ
Сервиси
Огласи за обуки
Слободни работни места
Конкурси
























News
Број 25 Март 2003
Настани
Коментар
Писма од читателите
Тема
Интервју
Публикации
Погледи
Концепти
Појмовник
Q&A
Форум
Претставување
Донатори
Избор
Календар
 

©MCMS - designed by KOMA